Агенда 2030

„Трансформирање на нашиот свет“ – Агендата за одржлив развој 2030, вклучувајќи ги и 17-те цели за одржлив развој (ЦОР или Sustainable Development Goals -SDGs) и 169-те таргети е  усвоена  на 25 септември 2015 на специјалниот самит на ОН.

Милениумската декларација и Милениумските развојни цели (МРЦ), кои истекоа на крајот на 2015 година, направија огромен придонес во подигнувањето на јавната свест, зголемување на мобилизирањето на политичката волја и ресурси за ставање на крај на сиромаштијата.

Токму некои од најголемите напредоци во последниве години се оние каде што МРЦ помогнаа да се фокусира вниманието. На пример:

  • Глобалната сиромаштија е преполовена пет години пред временската рамка за 2015 година;
  • 90% од децата во земјите во развој сега уживаат основно образование,
  • и разликите во бројот на машки наспрема  женски ученици се намалени

Агендата за одржлив развој за 2030 година се надоврзува на ова искуство.  Во основата на агендата се целите за одржлив развој (SDGs), но исто така во неа се наоѓаат и важни елементи за  средства за имплементација и следење и ревизија на процесот. Милениумските развојни цели се дел од новата рамка, но исто така се оди и понатаму. Агендата 2030 ги вклучува и препораките од  конференцијата Rio   20 за одржлив развој. Таа се однесува и на искоренување на сиромаштијата и на економските, социјалните и еколошките димензии на одржливиот развој на избалансиран и интегриран начин.

Агендата 2030 , исто така, ги опфаќа прашањата што се рефлектираа во Милениумската декларација, но не и на Милениумските развојни цели; вклучувајќи прашања како што се ефективни институции, добро владеење, владеење на правото и мирно општество.

Нова карактеристика е универзалноста на Агендата 2030 која значи дека агендата се однесува на сите земји на сите нивоа на развој, земајќи ги во предвид нивните различни капацитети и околности. Имплементацијата ќе биде водена од новото глобално партнерство кое се карактеризира со заедничка одговорност, взаемна отчетност и ангажирање од сите. Средствата за имплементација за новата агенда се наведени во ЦОР и Агендата за акција од Адис Абеба

Агендата 2030 за одржлив развој има и зајакната рамка за  следење и ревизија за разлика од претходната рамка за  Милениумските развојни цели, се’ со цел да  осигура дека агендата се спроведува од сите, без никој да е изоставен. (leaving no-one behind).