Во периодот од 21-23 Ноември во Тирана-Албанија, АРНО беше дел од  семинарот “Застапување и лобирање“, кој се организираше во рамки на   проектот “ГЕАР“, поддржан од Европска Унија.

“Беше убаво искуство,  научив многу за уметноста на  застапувањето  и лобирањето. Се фокусиравме на разликата кај овие две слични терминологии,  и како се имплементираат истите во секојдневниот живот.  Сите учесници беа претставници на организации кои работат во областа на еколошкото подобрување. Сите ние направивме еколошки проекти, во кој го   практикувавме застапувањето  и лобирањето, имавме одлична соработка  и дефинитивно може да се очекува  да работиме заедно и  во блиска иднина. На крајот на краиштата сите бевме многу амбициозни поединци кои веруваат дека иднината е зелена “, рече Ањеза Горенца / Садику, претставник на АРНО.

АРНО беше поканет на семинарот од страна на невладината организација “Еко-свест” и се очекува да продолжи со своето учество, приклучувајќи се кон идните обуки во рамките на овој пројект.