Втората обука од проектот проектот „Ученици денес-одговорни претприемачи утре“ се спроведе во периодот 02-07.05.2017 година во Ријека-Хрватска. Целта на оваа обука беше да се понудат нови знаења и да се создаде простор за учење  за учениците кои веќе имаа креирано виртуелни ученички комапнии и да им се понуди можност да практикуваат вештини кои вистински се употребливи  во бизнис секторот. Првите два дена, учениците ги потврдија теоретските знаења за ООП и СП и ги презентираа своите бизниси (ученичките компании што ги создадоа). За време на обуката беа остварени неколку посети на успешни компании со практики за ООП, и социјални прептријатија: учениците ја посетија локалната органзиција  „Улични светилки“- списание  кое  го продаваат бездомници, О.У. “Никола Тесла” кое води економска активност – изработува и продава  магнети направени од ученици (меѓу кои и магнети со ликот на Балтазар од истоимениот цртан филм), Националната хрватска енергетска компанија (ХЕП) која одржа работилница за нивните активности за ООП, општина Риека која одржа презентација за стартапите и сподели еден краток преглед на економијата во регионот, Македонската заедница во Риека која одржа презентација за нивната непрофитна организација.