Во сабота (21.09.2019 година), во Јавна Соба, се одржа настанот „Дегустирање на традиционална храна“. Овој настан беше организиран од АРНО во соработка со Генераторот од Врање со цел подготовка на „Готвач за Западен Балкан”.

На настанот, младите готвачи од Кулинари (ученици од СУГС „Лазар Танев“) подготвија традиционални јадења од балканскиот регион, кои подоцно беа послужени на отворен настан за сите да ги вкусат. Присутни беа околу 60 учесници, а менито се состоеше од; „ајвар“, „селско месо“, „галичко мезе“, „турлитва“, „македонска салата“, „сеченица“ и други традиционални јадења. Покрај презентацијата и дегустацијата на традиционалната храна, учесниците имаа можност да слушнат повеќе за целите на овој проект и да се дружат со гостите.

Настанот кој вклучуваше јавна дегустација на традиционална храна од регионот беше дел од проектот „Гастрономска мапа на Западен Балкан“ инициран од граѓанската организација „Генератор“ од Врање во соработка со: „АРНО“ од Скопје,  „КЦИЦ“ од Гњилање и „Бона Фиде“ од Пљевља, со поддршка на Фондот на Западен Балкан.

Проектот презентира нетипични категории на локалното население кои ги зачувуваат локалните гастрономски традиции, како што тоа го прават младите кулинари, ученици-готвачи од СУГС „Лазар Танев“ и дел од проектот „Кулинари“, или како што тоа го направиле женските професионалци и високо-едуцирани жени, жртви на домашно насилство, обожавателите на рокенрол, како и типичните зачувувачки на традицијата- жени активни во малцински здруженија на жени.

Покрај работилниците за готвење и јавните дегустации низ регионот, овој проект ќе резултира со објавување на книга-готвач, 8 видеа за готвење и 5 разгледници со мапи на 4 специфични јадења: ајвар, гулаш, штрудла, пита.