На 03.11.2017  во средното угостителско училиште СУГС „ Лазар Танев “ се одржа настанот „Кулинарски афтерворк“ , како резултат на наградата за младинско учество преку УСАИД во рамки на проектот за граѓанско учество која што ја доби нашиот шеф Антонио  Ѓорѓиевски

Дел од средствата добиени преку наградата шеф Антонио искористи за да одржи работилница за средношколците – готвачи заедно со професионалниот шеф Маре Јаневска, на која  младите готвачи учеа нови техники за готвење и подготвуваа специјалитети.

После обуката која што им ја оддржа шеф Маре Јаневска следуваше групна подготовка на храната која што подоцна ја дегустираа гостите кои го посетија овој настан.

 

LYRA SPECIAL DINNER PARTY СО ШЕФ АНТОНИО ЃОРЃИЕВСКИ

На 07.09.2017  Гостилница Лира  и Coolinari организираа тематска вечера со морски специјалитети. Нашиот шеф Антонио Ѓорѓиевски зготви специјални морски специјалитети за  специјалните гости во Гостилница Лира. Негови помошници беа учениците готвачи: Симона Илковска, Даниела Лазаревска, Кузман Ацески и Емилија Симеска.
Заедно тие приготвија вкусно мени кое на крајот на вечерта беше проследено со голем аплауз.

Soeciall dinner party мени:
Ладно предјадење – Егзотик салата

Топло предјадење – Полнета лигња

Главно јадење – Октопод
Десерт – Овошен мус