ПРВА РАБОТИЛНИЦА ЗА МЛАДИ

Во организација на АРНО и мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, со поддршка на канцеларијата на УНФПА во Скопје се оддржа првата од серијата работилници насловена како „Застапување за обезбедување на подобри платформи во рамките на министерствата и државните институции за подобра соработка со младинските НВО како дел од проценките за Сексуално и репродуктивно здравје“.

Претставнциите на над 9 младински невладини организации дускутираа за подобра хармонизација на нивните активности, посебно во насока на зајакнување на нивните капацитети за застапување во имплементација на политики кои се однесуваат на младите.

 

ЦЕЛИ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ И РОДОВО ТРАНСФОРМАТИВНИ ПРОГРАМИ

3 РАБОТИЛНИЦИ ЗА МЛАДИ

Работилниците се оддржаа на 4 и 5 јули 2017, во Јавна Соба,Скопје.

Претставниците на над 11 младински организации дускутираа за зајакнување на нивните капацитети за планирање и спроведување на врничката едукација, новата развојна агенда на ООН, Целите за одржлив развој (ЦОР) и вопоставување на еднаквост за сите.

На двете работилници исто така се дебатираше за младинското учество во сите процеси на сите нивоа.

Во однос на родова еднаквост, на третата работилница се презентираше пристапот на родово трансофрмативни програми, при што учесниците имаа можност да се стекнат со знаења и теоретски информации, како и да дискутираат за конкретните активности на претстојната кампања на АРНО и Y-PEER Македонија. Учесниците дојдоа до заклучок дека е потребно да се работи повеќе во насока на вклучување на сите, поеднакво, со акцент на вклучување на млади момчиња и мажи за родова еднаквост.

„ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МЛАДИНСКОТО УЧЕСТВО ВО ПРОЦЕСИТЕ НА ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ И СОРАБОТКА СО ИНСТИТУЦИИ“

СОРАБОТКА СО ИНСТИТУЦИИ

На 07 септември во Скопје, се оддржа работилница за млади насловена како „Зголемување на младинското учество во процесите на донесување одлуки и соработка со институции“.

Преку овој настан младите  имаа можност да се информирааат за тековните процеси во рамки на развојната агенда на ООН и младинското учество. Гостинка говорник на работилницата беше г-а Сања Зоографска Крстеска како преставничка на Министерството за Надворешни работи на Република Македонија.

САЊА ЗОГРАФСКА МНР

„Цел 17 е наменета за партнерства на глобално ниво. Младите се главна целна група заедно со жените која провејува низ сите ЦОР и тука е вашата можност да се вклучите, прво на локално ниво во вашите заедници потоа на национално ниво. Младите се фактори кои придонесуваат за промените и помагаат во имплементација на целите. “

„ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МЛАДИНСКОТО УЧЕСТВО ВО ПРОЦЕСИТЕ НА ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ И СОРАБОТКА СО ИНСТИТУЦИИ“

„МЛАДИ, МИР И БЕЗБЕДНОСТ“

КОНФЕРЕНЦИЈА

АРНО и Y-PEER Македонија на  5–ти и 6–ти октомври ја организираа конференцијата „Млади, мир и безбедност“. На конференцијата учествуваа 20 млади од различни градови од Македонија кои учеа за концептите на мир, новата развојна агенда на Обединетите нации и целите за одржлив развој (ЦОР). Целта на оваа конференција беше младите да се стекнат со знаења за приодите на градењето на мир преку иницијативи на младинските организации, со вклучување на маргинализирани адолесценти и млади.

РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА МИНИСТЕРКА ЗА ОДБРАНА

„ Државата може да биде отпорна од безбедносни ризици само ако во неа има владеење на правото, државни институции кои пристојно функционираат, слободни медиуми, правда! Бидете многу поактивни, вклучете се во процесот на носење одлуки, вршете јавен притисок за своите права, вклучете ги младите кои се чувствуваат изолирани, бидете борбени! Многу е важно да бидете ангажирани, гласни, да знаете што барате. Државата мора да се бори за својот ресурс кој заминува.“