“Ова е мојот Балкан- Кулинарски тури и кул сувенири

за промоција на интеркултурно учење и дијалог “

Дали си професор во средното училиште СУГС „Лазар Танев “или ДСУЛУД „Лазар Личеноски“? Имаш ентузијазам за промовирање на младинско претприемништво и развивањето на работните вештини на учениците? Сметаш дека неформалното образование ќе ја збогати со знаење твојата училница? Доколку да, аплицирај на овој повик!
Здружението за социјални иновации “АРНО”е во потрага по 1 професор кој ќе учествува во проектот  “Ова е мојот Балкан”, проект кој ќе помогне во зајакнување на интеркултирализмот во рамките на младинското социјално претприемништво – користејќи ја културата и традицијата за активно вклучување на младите.
Здружението за социјални иновации „АРНО“ и нејзините партнери од BH Craft се поддржани од RYCO во рамките на вториот Отворен повик за предлог-проекти кофинансирани од Фондот за градење на мирот на Обединетите нации.
Краен рок за аплицирање е 20-ти јануари 2020 година
 Како да аплицирате:
Испратете го вашето CV и мотивациско писмо (максимум една страница) на arno.mkd@gmail.com и соопштете ја Вашата мотивација зошто сакате да бидете дел од проектот.
Што претставува проектот “Ова е мој Балкан”?
Проектот „Ова е мојот Балкан- кулинарски тури и кул сувенири за промоција на интеркултурното учење и дијалог“е амбициозен проект финансиран од RYCO и UNPBF, кој има за цел да ги поддржи интеркултурните учења со тоа што на професорите и на нивните ученици им дава единствена можност да ги развијат своите претприемачки вештини преку патување и учење, цело време подигајќи ја свеста за интеркултурниот дијалог.
Нашата цел е да ги донесеме младите од Босна и Херцеговина и Северна Македонија да се сретнат и да учат едни од други, да запознаат различни, но слични култури и да осмислат нови креативни идеи за заедничка соработка заснована на културното наследство од Mакедонија и БиХ, користејќи нови стекнати вештини, како што е социјалното претприемништво. Преку интеркултурното учење и промоција на дијалогот на Балканот, младите ќе работат заедно, ќе готват заедно и ќе развиваат нови идеи за дизајн на сувенири инспирирани од македонската, и културата и традицијата на Босна и Херцеговина.
Проектот е координиран од АРНО, во партнерство со BH Crafts од БиХ, и локално се спроведува во партнерство со СУГС „Лазар Танев “и ДСУЛУД „Лазар Личеноски “.
 Која е улогата на професорите?
Како дел од тимот на експерт, од професорите ќе се бара да работат заедно во тим и:
  • Да учествуваат на 5 состаноци организирани во текот на февруари во Скопје за да ja истражат заедно со осумте ученици локалнaта топографија на храната и културата и да ја подготват првата верзија на Гастро (кулинарската) мапата на град Скопје.
  • Да уествуваат на 5 дневната обука во Скопје што ќе биде организирана кон крајот на март (презентирање на Гастро-турата и учествува во други активности)
  • Да учествуваат на 5-дневна обука во Сараево која ќе биде организирана кон средината на април (учество во Гастро-турата во Сараево и други активности)
  • Да бидат дел од меѓународното жири во натпреварот за младински сувенири. Да учествуваат во промотивните активности (социјални медиуми, конференција за медиуми и сл.)
Критериуми за избор:
  • Вие сте професор во СУГС „Лазар Танев “или ДСУЛУД „Лазар Личеноски “.
  • Го владеете англискиот јазик.
  • Имате искуство во проекти и иницијативи.
  • Имате силна мотивација и интерес, а можеби и идеи, како да го прошириме/надградиме проектот
*Предност ќе имаат професорите кои учествувале или работеле во проекти фокусирани на интеркултурен дијалог и учења, проекти поврзани со културно наследство, храна и слично.
Која е Вашата придобивка од овој проект?
  • Ќе учествувате во проект со поддршка на RYCO и UNPBF.
  • Ќе бидете дел од заедница заинтересирана за поддршка на креативност, активно граѓанство и учество кое цели кон зајакнување на социјална инклузија и мотивација за социјално претприемништво кај младите.
  • Ќе бидете дел од процесот на создавање на првата Гастро-мапа на град Скопје.
  • Ќе имате можност да ги посетите и да се запознааете со културата на градовите Сараево и Скопје.
  • Мал хонорар во износ од 200 ЕУР бруто.
Овој отворен повик е изработен со поддршка на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Фондот за градење на мирот на ООН (UNPBF). Неговата содржина е единствена одговорност на Здружението за социјални иновации „АРНО “и неговите партнери BHCrafts и не ги претставува ставовите на РИКО и или УНПБФ.