Првата  обука од  проектот „Ученици денес-одговорни претпримачи утре“ се случи во периодот 20-25.02.2017 година во Брисел, Белгија.

Организаторот на обуката- “АРНО” заедно со домаќинот на обуката “Out of the Box International”, ја спроведоа петдневната агенда за 26 млади средношколци кои учеа за корпоративна општествена одговорност (ООП), социјални претприемништво (СП), филантропија, и стекнаа и меки вештини.

Целта на оваа обука беше да ги мотивира учениците да размислуваат како идни одговорни претприемачи. Во првите два дена, учениците теоретски се запознаа со концептите на ООП и СП, потоа, на 22-ри и 23-ти февруари, тие посетија неколку успешни компании со практики за ООП и социјални претпријатија во Брисел. Ова им овозможи на учениците да видат реални примери и да учат на самото место, и тоа ни помалку ни повеќе, туку во главниот град на Европа- Брисел. За време на престојот во Брисел, учениците го посетија и Парламентариумот, каде дознаа повеќе за историјата на Европската Унија.

По обуката учениците, менторирани од нивните професори,  одржаа работилници во своите училишта.