Во периодот од 14 до 21 јули 2019 година во Карлово Бугарија, учесници од АРНО беа дел од проектот за младински размена “Никогаш повторно!” кој го организираше невладината организација ” Младински и граѓански иницијативи во долината на розите“ и беше  финансиран од програмата Еразмус +.  Младинската размена обедини 30 млади луѓе и лидери од Полска, Романија, Србија, Грција, Северна Македонија и Бугарија. Главната цел на проектот е да се подобри знаењето на 30-те учесници на темата Холокауст, да се подобри толеранцијата, интеркултурниот и меѓурелигиски дијалог, спречување на кршењето на човековите права и сите форми на антихумани, ксенофобични и екстремно радикални акции.

 

За време на програмата, учесниците преку дизајнираната агенда се запознаа со историјата и своите култури, со историјата и културата на Евреите преку  посетата на Еврејскиот културен центар во Пловдив кој е Европска престолнина на културата 2019. Во Пловдив учесниците имаа шанса теоретски да учат за еврејската култира и заедница, тие ја посетија и Зионската синагога и споменикот посветен на сите оние кои придонесле за спасување на бугарските Евреи. Учесниците исто така го посетија и седиштето „Пловдив 2019″ за да дознаат повеќе за уметничките проекти во Пловдив и за европската иницијатива “Европски главен град на културата”.

 

Програмата за младинска размена вклучуваше и културни вечери каде што секоја група ги претстави историјата, културата и традициите на својата земја заедно со заедничката интеркултурна ноќ што придонесе за поттикнување на меѓукултурниот дијалог, меѓусебното разбирање и кршењето на културните стереотипи. Богатата програма со добро избрани разновидни неформални методи на образование придонесе за градење на вештините и знаењата на учесниците, кои ќе надградуваат и преку очекуваните кампањи и follow up активности кои секој партнер ќе ги спроведе на национално ниво.

 

Претставници на АРНО беа: Марија Манева (17), Никола Чагановиќ (17), Магдалена Бошевска (17), Александар Милошевиќ (19) и лидерот на тимот Ањеза Садику Горенца (21).

 

“Навистина ми се допадна ова размена на млади! Покрај сите учења, интересно беше што проектот се одржа за време на градскиот празник (18 јули – на роденденот на бугарскиот национален херој) – Васил Левски, кој бил првиот бугарски револуционер што зборувал за еднаквоста меѓу европските народи. Беше прекрасно да се учи и зборува за темата, но и да се протегнат нашите мисли и да се отворат очите и кон локалните вредности и учења. Размента навистина ми се допадна бидејќи имаше многу млади, паметни луѓе кои беа отворени  да научат нови работи и да дадат заложба и кон историјата и кон иднината дека лошите работи никогаш нема да бидат заборавени и направени повторно. ” изјави  Ањеза од АРНО.