Дел од тимот на Кулинари, шеф Антонио Ѓорѓиевски и Ирина Јаневска, на 1 април уживаа во големиот број на десерти кои ги подготвија мајсторите од ресторанот заедно со гостите од странство мастер шефовите Франциско Ариола и Сокол Пренга.

Домашните и гостите шефови заедно подготвија разни деликатеси меѓу кои лимон тарт, бисквита со цитрон и какао, различни врсти на мали чоколади, торта со јаболко, тирамису, панакота со шумски овошја и крцкави тестенини, луто чоколадо со 80% какао и крем од ѓумбир и портокал имногу други вкусови сервирани на уникатен начин нетипични за македонската кујна и приготвени по најсовремени кулинарски техники. Пред голем број на новинари, пријатели на ресторанот и експерти од оваа област ресторанот Фор ги престави своите деликатеси меѓу кои имаше слатки кои за прв пат можеше да се пробаат во Македонија.

 

Тимот на кулинари имаше чест да се запознае со „виновниците“ за ова слатко уживање, да поразговара и да направи една фотографија за спомен.