Александар Милошевиќ  на покана од ЦИД (Центар за интеркултурен дијалог-Куманово) учествуваше на студиска посета „Социјална инклузија преку претприемништво“ која се одржа од 22-27 октоври во Брисел, Белгија.

Долгорочниот проект на ЦИД и партнерите  “Социјална инклузија преку претприемништво” цели кон обезбедување на поголемо вклучување на граѓаните со помалку можности преку обезбедување (социјално) претприемничко образование. Во текот на оваа студиска посета, учесниците се фокусираа на истражување на соодветни практики на социјалното претприемништво и на  неговото влијание врз луѓето со помалку можности. Александар имаше можност да посети социјални претпријатија во Брисел, како и некои рурални задруги и социјални претпријатија кои вршат економски активности од една страна, но исто така ги поддржуваат маргинализираните луѓе за да најдат работа, од друга страна.