Во периодот 21-22. 11.2017 Ирина Јаневска го претставуваше Националниот младински совет на Македонија – НМСМ во Брисел на настанот насловен како Европска недела на стручно образование (#EUVocationalSkills организиран од Европската комисија.

На настанот Ирина учествуваше заедно со претставници од институции и организации кои посветено работат на подобрување на состојбата со стручното образование. “Во Македонија имам прилика да работам со готвачи, но и да сум во контакт и со други стручни средни училишта. Во Брисел дискусијата е толку напред што зборувавме за новите работни места, за роботите, а не за опремување на кујна или набавка на машини во кабинети за практична настава. Ја запознав Зора, која е робот кој зборува 19 јазици, помага во болниците.“

– сподели Ирина за своето искуство