Често поставувани прашања

1. Дали на конкурсот за зелени бизнис идеи може да аплицираат и индивидуалци?

Да, на конкурсот за зелени бизнис идеи може да аплицираат индивидуалци, социјални претприемачи, граѓански организации и мали приватни компании. Доколку носителот на зелената идеја е индивидуалец, и стане добитник на награда, ќе треба да регистрира правен ентитет за да може да ја реализира својата зелена идеја.

2. Ние сме мала фирма, дали може да аплицираме на конкурсот?

Доколку носителот на зелената идеја е мала приватна компанија, истата не треба да има годишен обрт поголем од 10.000 евра за да може да аплицира на конкурсот за зелени идеи.

3. Што значи зелени бизнис идеи?

„Зелени идеи“ означува идеи кои придонесуваат кон животната средина, кои користат ресурси од локалната заедница и кои придонесуваат кон одржлив развој, интеграција на локалните, кономските, социјалните и еколошките потреби и приоритети на заедниците.

4. Дали под зелена се подразбираат само еко-производи и идеи кои користат соларна енергија?

-Не, зелените идеи не се ограничуваат на идеи кои користат соларна енергија и еко-производи. Зелената идеја може да биде најразлична, на пример зелената идеја може да биде некој технолошки изум, идеја за промовирање и користење на чистата енергија, еко-туризамот, идеја за отварање работни места преку разно разни иницијативи (тури со велосипеди, гледање птици, жени што берат чаеви), до рециклиран накит, мебел од палети, еко-фарми и други. За повеќе примери погледнете го нашиот албум на Fb. Ве охрабруваме да ги погледнете и следните мултимедијални материјали на YouTube каналот на АРНО (таму ќе најдете видео содржини од финалните настани, гостувања во емисии, видеа од минатогодишните победници, документарните видеа од регионалниот натпревар и сл.)

5. Дали еден ист носител може да аплицира на конкурсот со повеќе зелени идеи?

-Секој може да аплицира на конкурсот за зелени идеи со онолку зелени идеи колку што ги има. Еден индивидуалец/компанија може да биде носител на повеќе зелени идеии на Конкурсот, меѓутоа за секоја зелена идеjа треба да прати посебен Формулар за аплицирање. Имајте на ум дека бројот на доставени Формулари не влијае врз бодувањето на зелените идеи од страна на жирито.

6. Дали на регионалниот натпревар се наградуваат три идеи со по 10.000 долари или само најдобрата идеја од трите избрани на регионално ниво?

-На регионалниот натпревар, „Форум за филантропија“ учествуваат три победнички идеи од секоја од државите – учеснички на натпреварот, и тоа: Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Од сите 15 зелени бизнис идеии ќе се одберат најдобрите три и секоја од нив ќе биде наградена со по 10.000 долари за реализација на идејата.

7. Како да аплицирам на Конкурсот за зелени бизнис идеии?

Најпрво препорачуваме да се прочита делот УПАТСТВО и НАТПРЕВАР на страната на АРНО www.arno.mk, во делот ЗЕЛЕНИ ИДЕИ, каде се објаснети критериумите за вреднување на зелените идеи и фазите во кои се одвива натпреварот. Потоа симнете го ФОРМУЛАРОТ, кој се состои од прашања на кои треба да одговорите согласно Вашата зелена идеја и пратете на arno.mkd@gmail.com до 15ти јуни, 23:59 часот. Во прилог на пораката може да доставувате и придружни материјали за Вашата зелена идеја.

8. Дали Формуларот треба да го пратам и по пошта?

Формуларот за апликација за зелени идеи треба да го пратите само по електронска пошта на arno.mkd@gmail.com.

9. Доколку сум еден од финалистите, што треба да направам?

По известувањето за влез во финале, ќе треба да подготвите презентација за Вашата зелена идеја и да ја презентирате истата пред жирито. За презентирањето на десетте зелени бизнис идеи ќе се организира јавен настан во последната недела од месец јуни, 2017 год. во Скопје.

10. Ако мојата зелена идеја е една од трите победнички идеи, што треба да направам?

Доколку Вашата зелена идеја е една од трите победнички идеи, Вие како носител заедно со тимот на АРНО ќе треба да учествувате во процесот на подготовка на презентација и промотивни материјали за Вашата зелена идеја. Исто така во процесот на подготовки ќе треба да се одлучите за јазик на кој ќе ја презентирате Вашата идеја пред регионалното жири. Тимот на АРНО ќе ви обезбеди превод.

11. Што се случува на регионалниот натпревар?

-На регионалниот натпревар сите  зелени идеи од државите-учеснички се презентираат пред жирито кое понатака ги бодува согласно критериумите. Исто така носителите на зелените бизнис идеи гласаат меѓу себе.

12. Што се очекува од мене на регионалниот натпревар?

На регионалниот натпревар „Форум за филантропија“ од секој од учесниците натпреварувачи се очекува да бидат присутни за време на презентирање на сите победнички зелени идеи од регионот.

13. Каде ќе се одржи регионалниот натпревар за зелени бизнис идеи?

Овогодинешниот натпревар за зелени идеи „Форум на филантропија“ ќе се одржи во Црна Гора од 26-29 јули, 2017 год.

14. Доколку победиме како може да ја искористиме наградата?

Доколку победите на регионалниот натпревар Вие ќе бидете наградени со 10.000 долари кои треба да ги искористите исклучиво за реализирање на Вашата зелена идеа во рок од една година.  Дополнително,во соработка со тимот на АРНО  ќе треба да развиете документ според кој ќе се утврдат процесите на реализација на идејата, детална финасиска рамка и начините според кои ќе се врши монторинг и имплементација на идејата. Победниците се обрзани да склучат договор со АРНО, во кој дополнително ќе се утврдат правата и обврските на договорните страни.