© EECA MenEnage Platform

Во 2015 година, Обединетите нации иницираа платформа за родова еднаквост, овој пат преку ангажирање мажи и момчиња. Платформата MenEngage на Источна Европа и Централна Азија (EECA) е мрежа иницирана од Регионалната канцеларија на Фондот за население на Обединети нации (UNFPA) во EECA во соработка со MenEngage AlliancePromundo-US и канцелариите на УНФПА во источно-европскиот и централно-азискиот регион. “ARNO” официјално се приклучи на MenEngage платформата со потпишување на формуларот за членство на 2016/09/21.

По ова, “ARNO” учествуваше на првиот вебинар на 2016/10/28 за промоција на платформата, на покана од УНФПА Македонија, заедно со претставници од Y-PEER Македонија и Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – Х.Е.Р.А во просториите на ОН во Скопје. Заедно со 50 други претставници на невладини организации и активисти за полова еднаквост од различни земји од Источна Европа, дискутиравме за значењето и важноста на Платформата, со посебен акцент на вклучување на мажите и момчињата преку работата на организациите, можноста за користење наПплатформата како простор за споделување и размена на идеи со цел да се создадат заеднички активности во оваа област.

На вебинарот, клучни меѓународни активисти: Jane Kato-Wallace од Promundo-US и Laxman Belbase од MenEngage Alliance, се осврнаа на „основите на Платформата, вклучувајќи ги и правилата на однесување и основните принципи кон кои членовите треба да се придржуваат; зборуваа за тоа како треба да се работи преку ангажирање на мажите и момчињата, бидејќи концептот на ангажирање мажи и момчиња станува се поприфатен, односно го поместија фокусот од ЗОШТО на КАКО.“

Платформата ќе послужи за:

  • дистрибуирање и размена на информации за родово-трансформативни програми кои се спроведуваат во регионот;
  • можности за градење на капацитетите на далечина;
  • средство преку кое може да се организираат заеднички активности.

Други организации кои работат во областа на родово-трансформативни програми/ вклучување на мажите и момчињата, исто така може да станат членки на Платформата преку онлајн регистрација на следниов линк.

Следниот вебинар е закажан во ноември и е посветен на темата „Maжи зборуваат со мажи“. За сега Платформата ги селектираше следните фокус-области: трансформирање на поими за маженственост во пост-конфликтни ситуации; промовирање на еднаква вредност на девојките; поддршка од мажи за мажи за родова еднаквост; пошироко за татковството; и поддршка на дијалог помеѓу младите во најмаргинализираните групи.

„АРНО“ смета дека ова членство е важно, бидејќи веруваме дека ангажирање мажи и момчиња во процесот за родова еднаквост е од клучно значење, особено во Македонија, каде што нивото на свест за ова прашање не е задоволително и има уште многу да се направи со цел да се постигне разлика во општеството.

За повеќе информации, посетете ја http://eecamenengage.net/en/