Во локалот „Јавна соба“ на 16 септември, сабота, ќе се одржи саемот за мажи, „И мажите можат“.  Саемот за мажи „И мажите можат“ е национална кампања* која има за цел да го промовира вклучувањето на мажите и момчињата за родова еднаквост.

Овој јавен настан ќе се одржи на 16-ти септември во „Јавна соба“ со почеток во 12 часот. На јавниот настан предвидено е да се одржат три работилници за градење вештини („Мажите готват“, „Мажите пеглаат“ и „Креативни игри за децa“), во кој учество можат да земат мажи и момчиња. Настанот ќе биде отворен за публика и медиуми, за што дополнително ќе бидат споделени информации со јавностa.

За секоја работилница ќе бидат избрани 5-мина учесници. Пријавувањето е преку пополнување на податоци на овој линк најдоцна до 14-ти септември.

Ве молиме споделете ја објавата со мажи и момчиња кои би биле заинтересирани за учество.

*„Вклучување на мажите и момчињата за родова еднаквост“ е проект на Здружение за социјални иновации „АРНО“ кој се имплементира во партнерство со Y-PEER Македонија со поддршка на Регионалната канцеларија на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија.
Организации кои го поддржуваат проектот во Македонија се: Здружение Родова Перспектива, Здружение за еднакви можности „СЕМПЕР“ – Битола , ЖЕНСКИ ФОРУМ –ТЕТОВО, Женска Граѓанска Иницијатива АНТИКО, ЕХО Едукативно-хуманитарна организација, Tiiiit !Inc , Организација жени на град Скопје, Национална мрежа против насилство врз жените и семејното насилство.