Време е да зборуваме за слоу фуд и зошто локалната, природна храна е секогаш најдобриот избор.„ Часови за готвење слоу фуд“ е проект на здружението за социјални иновации „АРНО“ кој се реализира во соработка со здружението „Слоу Фуд Водно“ и СУГС „Лазар Танев“. Целта на проектот е зајакнување на стручното образование и социјалното претприемништво преку креативен пристап кој се темели на широко партнерство. Средствата собрани од продажбата на ваучерите се реинвестираат во учениците од СУГС „Лазар Танев“ преку посебна програма за нивна полесна транзиција на пазарот за труд.
На нашето мени се новата тура „Часови за готвење“ кои нудат многу домашни вкусови преку кои ќе научите за:
– сирењата на трпезата
– готвење во склад со сезоните
– тајните на месениците од тефтерот на баба
– храна од протеински растенија
– рибите од нашите води

Купете ваучер за себе или за некој друг. Со ваучерот добивате: инструкции од реномиран готвач, намирници и опрема, оброци за дегустација, поддршка на стручното образование и младите ученици-готвачи.

Инструктори: реномирани готвачи
Капацитет: 10 учесници на час
Локација: СУГС „Лазар Танев“
Распоред и продажба: www.coolinari.mk (077 855 832)

Овој проект е финансиран од програмата за доделување грантови на проектот „Промени за одржливост“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект во партнерство со фондација Аполонија и Центарот за даночна политка.
Погледнете го видеото од прес конференцијата, или разгледајте го албумот со слики од настанот.