Доколку сте слушнале за „АРНО“ сигурно сте слушнале и за нашиот проект „Coolinari“ со познатиот слоган „Кул е да си кулинар“. Во рамки на нашите долгогодишни кулинарски подвизи ја вбројуваме и иницијативата „Часови за готвење“ која АРНО ја реализираше во 2016-та година и беше препознаена како социјално-претриемничка инцијатива која наиде на голем интерес меѓу јавноста, медиумите и главните актери за поддршка на социјалното претприемништво. Овој пат, со вклучување на научените лекции и ориентирани кон пошироки партнерства и долгорочни соработки, АРНО заедно со здружението „Слоу Фуд Водно“  и во партнерство со СУГС „Лазар Танев“, ќе понуди нова предлог инцијатива која во себе ќе ги вклучува вредностите на слоу фуд производство и подготовка на храна- „Часови за готвење слоу фуд“.  На самиот почеток , АРНО е во потрага по дизајнер за развој на визуелен идентитет/ бренд експерт  со кој ќе можеме да ја преточиме и оваа иницијатива во  оригинален и успешен проект. (повикот во пдф преземете го овде)

  1. Дизајнерот кој ќе го ангажираме за потребите на иницијативата треба да изработи:
  • Брендинг решение/визуелен идентитет за иницијативата
  • Постер
  • Постер template за 5-те Часови за готвење
  • One-pager за иницијативата
  • Веб банер решение од визуелниот идентитет
  • Комуникациски план , со вклучена ФБ стратегија (Во соработка со координаторскиот тим)
  1. Потребни квалификации*:
  • Работно искуство од минимум 3 години, релевантно за повикот
  • Се претпочита искуство во целосно осмислување на визуелен идентитет, во насока на тоа дека треба да се осмисли порака/пристап до целните групи, а не само да се понуди графичко решение
  • Богато портфолио со препознаени и оригинални креативни решенија
  • Иксуство во брендинг на иницијативи од граѓански сектор
  • Познавање на вредностите на социјалното претприемништво
  • Минимум високо образование
  • Заради специфичните правила за видливост, предност имаат лица со претходно искуство на проекти спроведувани со поддршка на меѓународни организации и донатори, со особен акцент на проекти поддржани од Европската Унија или организации на UN.

*Покрај потребните квалификации, предност ќе имаат кандидатите кои активно се вклучуваат во развојот на своите заедници преку волонтерски ангажман, граѓански иницијативи и сл.

Времетраењето на работниот ангажман би бил со траење од 10 работни дена , а ангажманот ќе се додели на понудата со најсоодветни квалификации, искуство и најниска цена.

Потребно е кандидатите да достават техничка и финансиска понуда врз основа на барањата од точка 1.

Заинтересираните кандидати треба да испратат свое CV и портфолио
на arno.mkd@gmail.com најдоцна до 24.10.2018.
Ве молиме, пратете ни надворешна врска за документите поголеми од 5MB.