Доколку сте слушнале за „АРНО“ сигурно сте слушнале и за нашиот проект „Coolinari“ со познатиот слоган „Кул е да си кулинар“. Во рамки на нашите долгогодишни кулинарски подвизи ја вбројуваме и иницијативата „Часови за готвење“ која АРНО ја реализираше во 2016-та година и беше препознаена како социјално-претриемничка инцијатива која наиде на голем интерес меѓу јавноста, медиумите и главните актери за поддршка на социјалното претприемништво. Овој пат, со вклучување на научените лекции и ориентирани кон пошироки партнерства и долгорочни соработки, АРНО заедно со здружението „Слоу Фуд Водно“  и во партнерство со СУГС „Лазар Танев“, ќе понуди нова предлог инцијатива која во себе ќе ги вклучува вредностите на слоу фуд производство и подготовка на храна- „Часови за готвење слоу фуд“.  На самиот почеток , АРНО е во потрага по бизнис експерт кој врз основа на веќе направена бизнис анализа  би изработил финансиско советување за успешно започнување со дејнoст на продажните елементи од нашата иницијатива. Нашиот тим веќе има сработено основно бизнис планирање (таргет групи, SWOT, маркетинг план а продажбата на часови за готвење/ гастро-тура), но дополнително ни треба поддршка во формирањето на продажна цена и финасиски проекции. (повикот во пдф преземете го овде)
Бизнис планот треба да се заснoва на oстварливи таргети и реални услови на пазарoт за oвoј вид на услуги, какo и да ја oпредели цената щтo  ќе ја наплаќаме за oбезбедување на таквите услуги. дефинирање и проценка на расходите во обезбедуваоето на таквите услуги од страна на граѓанските организации; дредување привлечна, но остварлива цена на услугите;

  1. Финансискиот експерт треба да изработи:
  • Преглед и коментари за подобрување на постоечките 3 бизнис планови кои ќе бидат доставени на увид од страна на координаторскиот тим
  • Продажна анализа за Часови за готвење слоу фуд
  • Продажна анализа за Гастро-тура
  • Продажна анализа за кулинарски тим билдинг
  • Профитабилна анализа Часови за готвење слоу фуд
  • Профитабилна анализа Часови за готвење слоу фуд
  • Профитабилна анализа за гастро-тура
  • Извештај за спроведеното истаржување со релеватни заклучоции и препораки
  • Финансиско советување за успех на иницијативите.

 

  1. Потребни квалификации:
  • Работно искуство од минимум 3 години во областа на бизнис планирање и финансии
  • Искуство во развивање бизнис планови;
  • Искуство во бизнис планирање од областа на производство и продажба на храна/услуги поврзани со продажба на храна
  • Иксуство во финансиско советување на иницијативи од граѓански сектор
  • Познавање на вредностите на социјалното претприемништво
  • Искуство во работа со претставници на бизнис заедницата и граѓанскиот сектор во земјата;
  • Минимум високо образование

 Потребно е кандидатите да достават техничка и финансиска понуда врз основа на барањата од точка 1.

Времетраењето на работниот ангажман би бил со траење од 15 консултантски сесии, а ангажманот ќе се додели на понудата со најсоодветни квалификации, искуство и најниска цена.

 Заинтересираните лица треба да испратат свое CV и листа со референци на arno.mkd@gmail.com најдоцна до 24.10.2018.
Ве молиме, пратете ни надворешна врска за документите поголеми од 5MB.