Нашата приказна за продажба на часови за готвење, промоција на стручното образование, работа со млади ученици-готвачи и сонот за конечно обезбедување финансии за „Камиончето за храна“…продоложува. Во потрага сме по координатор/ка кој/а се препознава во ваква главна улога и кој/а верува дека заедно можеме да реализираме вкусно сценарио и да понудиме на менито уште една иницијатива која ќе биде успешна, оригинална и корисна.

Иницијативата „Часови за готвење- Кул е да си кулинар “  АРНО ја иницираше во 2016-та година во партнерство со СУГС „Лазар Танев“. Истата е препознаена како социјално-претриемничка инцијатива која наиде на голем интерес  меѓу јавноста, медиумите и главните актери за поддршка на социјалното претприемништво. Овој пат, со вклучување на научените лекции и ориентирани кон пошироки партнерства и долгорочни соработки, АРНО заедно со здружението „Слоу Фуд Водно“  и во партнерство со СУГС „Лазар Танев,  ќе понудат нова предлог инцијатива која во себе ќе ги вклучува вредностите на слоу фуд производство и подготовка на храна.

Преку имплементирање на комерцијална понуда „Часови за готвење слоу фуд“ како иновативен концепт за социјално претприемништво кој промовира квалитетно стручно образование и промоција на локална слоу фуд храна и произведувачи,  проектот има за цел да ги зајакне капацитетите за самофинасирање на ГО преку подигнување на јавната свест и свеста на приватнот сектор за социјалното претприемништво и истовремено има за цел да придонесе кон збогатување на неформалните пристапи и практики во подобрувањето на локалната економија.

Координаторот на проектот „Часови за готвење слоу фуд“ ќе биде ангажиран за раководење на оваа 8 месечна иницијатива, со можност и идеја да обезбедиме нови средства и можност за долгорочна одржливост (и ангажман на координаторот) преку продажба на вакви часови за готвење и финансии за водење на социјално претпријатие „Камионче за храна“ (Food Truck). Координаторот ќе соработува со асистент од партнерските организации, и ќе биде дел од тимот на АРНО (супервизор и административен асистент) кој има искуство и ќе обезбеди поддршка во работењето.

Предвидени активности:

  • Координација на партнерите во подготвителна фаза: изработка на програма за Часовите и брендирање
  • Интензивна комуникација со готвачи, ресторани, хотели, фирми, амбасади …
  • Доработка и лансирање на новата веб страница mk (и нејзино редовно одржување)
  • Креирање на концепт за продажба и промоција на Часови за готвење
  • Целосна логистика за одржување на Часовите за готвење
  • Средби за реинвестиција на профит- координирање на работилници за ученици-готвачи и локални произведувачи, договори со компании)
  • Мапирање на потенцијални поддржувачи за социјалното претпријатие „Камионче за храна“ (Food Truck)
  • Администрирање на сите процеси од проектот (склучување договори, исплати, подготовка на извештаи и сл.)

Предвиден ангажман: Полно работно време во траење од 8 месеци (со можност за продолжување)
Хонорар:  во зависност од искуство
Почеток на ангажман: 10 септември
Услови: Канцеларија во центарот на градот, креативен тим, можности за развој и напредување, вмрежување (и останати бенефити од работење во трет сектор, работење со неформално образование, млади и сл).

Потребни квалификации:

  • Највисоко ниво на само-иницијативност, способности за планирање и организација
  • Искуство во менаџирање на иницијативи ( и административно работење)
  • Желба и мотивација за работење со храна
  • Креативност
  • Вештини за продажба
  • Мрежи на контакти од сите сектори
  • Познавање и живеење на вредностите на „АРНО“[1] (постои можност за подолгорочна соработка и станување на дел од тимот)

Заинтересираните лица треба да испратат свое CV[2] на arno.mkd@gmail.com најдоцна до 30.08.2018. Ги охрабруваме апликантите пред да поднесат своја пријава да ја истражат позадината на иницијативата и да се запознаат со идејата (линк 1 , линк 2 , линк 3 , линк 4 , линк 5 , линк 6 ). Само селектирани кандидати ќе бидат повикани на интервју (4/5ти септември, Скопје). Ве молиме без телефонски јавувања.

 

[1] Нашата организација има за цел да промовира еднаквост и да негува разновидна работна средина која вклучува луѓе од сите етнички групи, религии, сексуални ориентации и родови идентитети кои ги делат истите вредности на меѓусебно почитување и одговорност.
[2] Ве молиме нагласете ги или споделете (може и придружно) Вашите претходни искуства и референци поврзани со повикот.