ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ХОЛОКАУСТ НА БАЛКАНОТ “ АРНО ОБЈАВУВА ПОВИК ЗА 2 УЧЕСНИКА НА НАСТАН ВО РОМАНИЈА. НАСТАНОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО БУКУРЕШТ ВО ПЕРИОДОТ 20-22 АПРИЛ 2018. СИТЕ ТРОШОЦИ ЗА ПАТУВАЊЕТО СЕ ПОКРИЕНИ.

УЧЕСНИЦИТЕ ТРЕБА ДА:
– ИМААТ ИНТЕРЕС НА ТЕМАТА
– ДА ГИ СПОДЕЛУВААТ ВРЕДНОСТИТЕ НА АРНО
– ДА ДОПРИНЕСАТ ВО ПОНАТАМОШНИТЕ АКТИВНОСТИ НА ПРОЕКТОТ (ПОДГОТОВКА НА КРАТКО ИСТРАЖУВАЊЕ И ПОМОШ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАН НА ТЕМАТА ВО МАКЕДОНИЈА ВО ЈУНИ 2018)
– ДА СЕ МЛАДИ НА ВОЗРАСТ ДО 25 ГОДИНИ
– ДА МОЖАТ ДА КОМУНИЦИРААТ НА АНГЛИСКИ

 

ЗАИНТЕРЕСИРАНТИ АПЛИКАНТИ МОЖАТ ДА СЕ ПРИЈАВАТ ДО 19.02.2018 СО ИСПРАЌАЊЕ НА CV И КРАТОК ОДГОВОР НА ПРАШАЊЕТО „ЗОШТО САКАМ ДА УЧЕСТВУВАМ“ НА МЕЈЛ АДРЕСАТА ARNO.MKD@GMAIL.COM .

БЛАГОДАРИМЕ НА ИНТЕРЕСОТ

******************************************************************************

Проектот “Холокаустот на Балканот – истражување, едукација, сеќавање”, кој се спроведува во Романија, Србија, Бугарија, Хрватска, Македонија и Грција, треба да ги покаже состојбите на холокаустот во овие држави и да ја зголеми свесноста, особено кај младите популации , за тоа што се случило во текот на Втората светска војна.

Дополнително, проектот цели не само на поткревање на свесноста, туку и кон укажување на можните негативни ефекти на нетолеранцијата, расизмот и дискриминацијата на одредени народи, како  актуелни проблеми  на денешницата.

Во текот на оваа година во сите земји на  партнерските организации со помош на надлежните институции  ќе се собираат  приказни на жители или семејства и потомци на жртвите на холокаустот и информации за концентрационите логори во текот на Втората светска војна, ќе се организираат тркалезни маси и предавања на експерти, изложби, трибини, веб презентации , се  се со цел да се разгледаат проблемите на холокаустот.

Резултатите од истражувањата од  проектот ќе бидат објавени како електронска публикација и на тој начин ќе станат достапни за широка публика. Во рамки на проектот посебен акцент ќе биде ставен на средношколците за кои ќе бидат подготвени соодветни материјали.

Проектот трае 14 месеци и е финансиран од  ЕУ програмата “Европа за граѓаните”. Носител на проектот е романската организација  “Mod of life”, додека „АРНО“ е еден од партнерите.