ARNO / АРНО

The new ARNO website is under construction!

Новиот сајт на АРНО е во изработка!

RISE Journey: Отворен повик за апликации и можност за развој на зелени и социјални бизниси

RISE Journey: Отворен повик за апликации и можност за развој на зелени и социјални бизниси

Во рамки на проектот RISE (Regional Incubator for Social Entrepreneurs), АРНО објавува повик за учество во наменски креираната програма наречена „RISE Journey“ кој е отворен до 27-ми септември, 23:59 часот. Формуларот за аплицирање се наоѓа на овој линк (МК) и (АНГ)

Доколку одговорот на овие прашања е ДА! слободно кликнете овде (МК) и (АНГ) и информирајте се за патешествието наречено „RISE Journey“ и условите за аплицирање.

RISE ќе поддржи и охрабри нова генерација на регионални креатори на промени кои ќе решаваат предизвици во своите локални заедници. Вештините, знаењето и искуството во социјалното претприемништво ќе ви помогнат да ги решите социјалните и/или еколошките прашања или предизвици, и ќе ви помогнат да изградите одржлив бизнис модел кој ќе генерира профит додека истовремено решавате општествен предизвик.

Проектот RISE е развиен и мониториран од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО), ГРУПА СОС Пулс, Мрежа за млади на Југоисточна Европа (SEEYN), Францускиот институт и Француско-германската канцеларија за млади (ОФАЈ), а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО, Balkan Green Foundation, Nesto vise, Smart Kolektiv, IEC Tehnopolis и Yunus Social Business. Проектот RISE е кофинансиран од Француската агенција за развој (АФД) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).

RISE = Регионален инкубатор за социјални претприемачи, е проект за мотивирани и посветени млади, подготвени да учат и да менуваат работи и да го подобрат целиот регион. Наша цел е да ги поддржиме вашите идеи за социјален бизнис, идеи што ќе го направат регионот подобро место. Пријавете се за учество во програмата!

Доколку имате прашања слободно пишете на arno.mkd@gmail.com.