Формуларот за  „Филантропија преку зелени идеи“ 2018 можете да го преземете од овој линк.
Пред да пристапите кон негово пополнување разгледајте ги насоките од упатството (овде подолу), или преземете го документот од овој линк.

УПАТСТВО
Формуларот за апликација на натпреварот „Филантропија преку зелени идеи“ се состои од три дела:

  1. ПОДАТОЦИ ЗА НОСИТЕЛОТ НА ИДЕЈАТА
    Во овој дел од формуларот ќе треба да доставите информации за историјатот на организацијата/ портфолио/ биографија, податоци за контакт, име на идејата, како и ваша потврда на неколку многу важни прашања/критериуми за учество и присуство.
  1. ПОДАТОЦИ ЗА ЗЕЛЕНАТА ИДЕЈА
    Во овој дел од формуларот Ве молиме одговорете јасно и кратко на прашањата и потпрашањата кои се критериуми на повикот и според кои ќе бидете оценети од страна на жири комисијата.
  • Кај потпрашањето 2.4.2, терминот „различности“ се однесува на: застапеност на половите, возрасни категории, различни етникуми, лица со инвалидитет или лица со попреченост во развојот и др.
  • Не заборавајте, задолжително да приложите детален буџет и/или бизнис план (2.8)
  1. ДОПОЛНИТЕЛНИ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ЗЕЛЕНАТА ИДЕЈА
    Во овој дел од формуларот можете да приложите дополнителни информации за вашата идеја: фотографии, видеа, илустрации, графикони  и др.. Ве молиме имајте ги предвид техничките ограничувања за испраќање мултимедијални содржини по електрoнска пошта.
    Во полето Дополнителни информации/линкови можете да вметнете линкови преку кои може да се пристапи до дополнителни информации: YouTube видео, Facebook страница, написи од медиуми и слично.

ВАЖНО !

  • Сите полиња се задолжителни за пополнување
  • Одредени прашања во формуларот имаат ограничен број на зборови кои можете да ги користите. Ве молиме имајте го ова предвид кога го пополнувате формуларот.
  • Ве молиме, користете фонт Calibri со големина 12 и проред 1,0
  • Откако целосно ќе го пополните формуларот треба да го испратите на arno.mkd@gmail.com. После тоа нема да се прифаќаат измени.
  • Рокот за доставување на формуларот е 20.06.2018 до 23:59 часот.  Формуларите доставени по истекот на овој рок нема да се разгледуваат.
  • Откако ќе го пратите формуларот, во рок од 24 часа, на вашата e-mail адреса оставена за контакт ќе добиете потврда за прием. Доколку не добиете потврда во рок од 24 часа, Ве молиме контактирајте нè.
  • За прашања и повеќе информации посетете ја страницата www.arno.org.mk, пишете на е-mail адресата arno.mkd@gmail.com или јавете се на  077/855-832 секој работен ден од 09 до 17 часот

 

 

 

Што е АРНО

Асоцијација за развој на нови опции = АРНО АРНО е здружение за социјални иновации основано во македонскиот граѓански пејсаж со посебна мисија за развој и имплементација на социјални иновациии и промоција на нови опции и современ технолошки пристап

Facebook
Facebook Pagelike Widget
Контакт
  • Булевар ВМРО 1/2-7, Скопје 1000
  • +​389 77 855 832

  • contact@arno.org.mk; arno.mkd@gmail.com