ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Дали на конкурсот за зелени бизнис идеи може да аплицираат и индивидуалци?

Да, на конкурсот за зелени бизнис идеи може да аплицираат индивидуалци, социјални претприемачи, граѓански организации и мали приватни компании. Доколку носителот на зелената идеја е индивидуалец, и стане добитник на награда, ќе треба да регистрира правен ентитет за да може да ја реализира својата зелена идеја.

Ние сме мала фирма, дали може да аплицираме на конкурсот?

Доколку носителот на зелената идеја е мала приватна компанија, истата не треба да има годишен обрт поголем од 10.000 евра за да може да аплицира на конкурсот за зелени идеи.

Што се подразбира под поимот  зелени бизнис идеи?

„Зелени бизнис идеи“ се економски активности на правни субјекти коишто придонесуваат кон животната средина, користат ресурси од локалната заедница и придонесуваат кон одржлив развој, интеграција на локалните, економските, социјалните и еколошките потреби и приоритети на заедниците.

Дали под зелени се подразбираат само еко-производи и идеи кои користат соларна енергија?

Не, зелените идеи не се ограничуваат на идеи кои користат соларна енергија и еко-производи. Зелената идеја може да биде најразлична, на пример зелената идеја може да биде некој технолошки изум, идеја за промовирање и користење на чистата енергија, еко-туризамот, идеја за отворање работни места преку разно разни иницијативи (тури со велосипеди, гледање птици, жени што берат чаеви), до рециклиран накит, мебел од палети, еко-фарми и други. За повеќе примери погледнете го нашиот албум на Fb. Ве охрабруваме да ги погледнете и следните мултимедијални материјали на YouTube каналот на АРНО (таму ќе најдете видео содржини од финалните настани, гостувања во емисии, видеа од минатогодишните победници, документарните видеа од регионалниот натпревар и сл.).

Дали еден ист носител може да аплицира на конкурсот со повеќе зелени идеи?

Секој може да аплицира на конкурсот за зелени идеи со онолку зелени идеи колку што ги има. Еден индивидуалец/компанија може да биде носител на повеќе зелени идеии на Конкурсот, меѓутоа за секоја зелена идеjа треба да прати посебен Формулар за аплицирање. Имајте на ум дека бројот на доставени Формулари не влијае врз бодувањето на зелените идеи од страна на жирито.

Дали на регионалниот натпревар се наградуваат идеи со по 10.000 долари или само најдобрата идеја од рите избрани на регионално ниво?

На регионалниот натпревар, „Форум за филантропија“ учествуваат по три победнички идеи од секоја од државите – учеснички на натпреварот, и тоа: Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија. Од сите 18 зелени бизнис идеи ќе се одберат најдобрите и секоја од нив ќе биде наградена со по 10.000 долари наменети за реализација на идејата.

Како да аплицирам на Конкурсот за зелени бизнис идеи?

Најпрвин, препорачуваме да се прочита делот УПАТСТВО и НАТПРЕВАР на страната на АРНО: www.arno.org.mk, во делот ЗЕЛЕНИ ИДЕИ, каде се објаснети критериумите за вреднување на зелените идеи и фазите во кои се одвива натпреварот. Потоа симнете го ФОРМУЛАРОТ, кој се состои од прашања на кои треба да одговорите согласно Вашата зелена идеја и испратете го на arno.mkd@gmail.com најдоцна до 20-ти јуни, 23:59 часот. Во прилог на истата порака, доколку имате, може да доставите и дополнителни материјали за Вашата зелена идеја.

Дали Формуларот треба да го пратам и по пошта?

НЕ, Формуларот за апликација за зелени идеи треба да го пратите само по електронска пошта на arno.mkd@gmail.com.

Што треба да направам доколку сум еден од финалистите на националниот натпревар?

По известувањето за влез во финале, ќе треба да подготвите презентација за Вашата зелена идеја и да ја презентирате истата пред жири комисија. За презентирањето на десетте финални зелени бизнис идеи ќе се организира јавен настан во првата недела од месец јули, 2018 год. во Скопје.

Што ако мојата зелена идеја е една од трите победнички идеи на националниот натпревар?

Доколку Вашата зелена идеја е една од трите победнички идеи, Вие како носител, заедно со тимот на АРНО, ќе треба да учествувате во процесот на подготовка на презентација и промотивни материјали за Вашата зелена идеја на регионалниот натпревар. Исто така, во процесот на подготовки ќе треба да се одлучите за јазик на кој ќе ја презентирате Вашата идеја пред регионалното жири. Тимот на АРНО ќе ви обезбеди превод.

Што се случува на регионалниот натпревар?

На регионалниот натпревар сите  зелени идеи од државите-учеснички се презентираат пред жирито кое понатаму ги бодува согласно критериумите. Исто така, носителите на зелените бизнис идеи гласаат меѓу себе.

Што се очекува од мене на регионалниот натпревар?

На регионалниот натпревар „Форум за филантропија“, од секој од учесниците натпреварувачи се очекува да бидат присутни за време на презентирање на сите победнички зелени идеи од регионот.

Каде ќе се одржи регионалниот натпревар за зелени бизнис идеи?

Годинава, регионачлниот натпревар за зелени идеи „Форум на филантропија“ ќе се одржи во Македонија од 18 – 21 јули, 2018 год.

Доколку победиме како може да ја искористиме наградата и кои се обврските?

Доколку победите на регионалниот натпревар, Вие ќе бидете наградени со 10.000 долари. Овие средства се исклучиво наменети за реализирање на Вашата зелена бизнис идеја и треба да се искористат во рок од една година.  Дополнително, во соработка со тимот на АРНО  ќе треба да развиете документ според кој ќе се утврдат процесите на реализација на идејата, детална финансиска рамка и начините според кои ќе се врши монторинг и имплементација на идејата. Победниците се обврзани да склучат договор со АРНО, во кој дополнително ќе се утврдат правата и обврските на договорните страни. Овде спаѓаат и редовни периодични, наративни и финансиски извештаи.

Што е АРНО

Асоцијација за развој на нови опции = АРНО АРНО е здружение за социјални иновации основано во македонскиот граѓански пејсаж со посебна мисија за развој и имплементација на социјални иновациии и промоција на нови опции и современ технолошки пристап

Facebook
Facebook Pagelike Widget
Контакт
  • Булевар ВМРО 1/2-7, Скопје 1000
  • +​389 77 855 832

  • contact@arno.org.mk; arno.mkd@gmail.com