ОД 2015-та кога АРНО почнува со администрирање на натпреварот на национално ниво, Македонија го добива својот прв регионален победник (Наша Добра Земја-Прва кооператива на органски потрошувачи). Во 2016-та повторно имаме македонски победник: Марта Мојсова млада архитектка која основа стартап за поправка и редизајн на стар мебел (СПИН), и во 2017-та имаме двајца победници: Кристиан Шопов, еко-магионичар кој преку забава пренесува еколошки пораки (Еко илузии) и Јане Заевски кој заедно со својот тим ја основаше платформаат „Храна за сите“ преку која се продава и донира непродадена храна од угостителските објекти.
Секој од победниците добива подршка од 10 000 долари за имплементација на зелената бизнис идеја, при што АРНО учествува во мониторинг и евалуација на процесот, и врши дополнително поврзување со други поддржувачи.

Што е АРНО

Асоцијација за развој на нови опции = АРНО АРНО е здружение за социјални иновации основано во македонскиот граѓански пејсаж со посебна мисија за развој и имплементација на социјални иновациии и промоција на нови опции и современ технолошки пристап

Facebook
Facebook Pagelike Widget
Контакт
  • Булевар ВМРО 1/2-7, Скопје 1000
  • +​389 77 855 832

  • contact@arno.org.mk; arno.mkd@gmail.com