Забавно детско катче на границите

Во март 2016 година како хуманитарна реакција на тажните слики на бегалци АРНО заедно со театарската екипа “Сенки и облаци” АРНО организираше неколку работилници за децата-мигранти на границата Табановце во Македонија.
Активностите кои се спроведоа беа културолошки соодветни , се користеа театарски техники бидејќи визуелизациите и боите можат да направат одлични забавни приказни без зборови и да се разберат низ културите (главниот предизвик беше да не се користат зборови бидејќи можноста за превод беше ограничена само за итни потреби).
Во текот на проектот, децата-бегалци беа охрабрени да земат учество во прилагодените програми. Фотографиите и резултатите од работилницата беа презентирани пред јавноста и добија големо внимание бидејќи театарот на сенки како алатка е многу привлечен особено кога се користи за промовирање на концептите на мир и интеркултура. Општата публика и медиумите реагираа на фотографиите и така се постави дополнителен општествен притисок на националниот пристап кон кризата со бегалците, бидејќи луѓето ги надминаа ксенофобичните верувања гледајќи ги лицата на децата, насмевките и солзите од споделените фотографии и апелираа за достоинствен хуманитарен одговор и помош.
Проектот беше спроведен во партнерство со “СОС Детско село Македонија” и поддржан од црквата Рутгерс, Њујорк (САД).

Што е АРНО

Асоцијација за развој на нови опции = АРНО АРНО е здружение за социјални иновации основано во македонскиот граѓански пејсаж со посебна мисија за развој и имплементација на социјални иновациии и промоција на нови опции и современ технолошки пристап

Facebook
Facebook Pagelike Widget
Контакт
  • Булевар ВМРО 1/2-7, Скопје 1000
  • +​389 77 855 832

  • contact@arno.org.mk; arno.mkd@gmail.com