Холокаустот на Балканот

Во декември 2017-та АРНО стана дел од проектот Holocaust in Balkans project, заедно со уште 5 партнери од Балканот.
Проектот “Холокаустот на Балканот – истражување, едукација, сеќавање”, кој се спроведува во Романија, Србија, Бугарија, Хрватска, Македонија и Грција, треба да ги покаже состојбите на холокаустот во овие држави и да ја зголеми свесноста, особено кај младите популации, за тоа што се случило во текот на Втората светска војна.
Дополнително, проектот цели не само на поткревање на свесноста, туку и кон укажување на можните негативни ефекти на нетолеранцијата, расизмот и дискриминацијата на одредени народи, како актуелни проблеми на денешницата.
Проектот трае 14 месеци и е финансиран од ЕУ програмата “Европа за граѓаните”.
Носител на проектот е романската организација “Mod of life”, додека „АРНО“ е еден од партнерите.
Проектот започна во декември 2017 и ќе трае до Јануари 2019 година.

View Project
Што е АРНО

Асоцијација за развој на нови опции = АРНО АРНО е здружение за социјални иновации основано во македонскиот граѓански пејсаж со посебна мисија за развој и имплементација на социјални иновациии и промоција на нови опции и современ технолошки пристап

Facebook
Facebook Pagelike Widget
Контакт
  • Булевар ВМРО 1/2-7, Скопје 1000
  • +​389 77 855 832

  • contact@arno.org.mk; arno.mkd@gmail.com