И мажите можат!

Во септември 2017-та, во Јавна соба-Скопје се одржа првиот саем за мажи насловен како „И мажите можат“. Во рамки на саемот се одржаа три работилници насловени како „Мажите пеглаат“, „Мажите готват“ и „Креативни игри за деца“ во кој учество земаа мажи и момчиња од Македонија. Овој настан беше дел од националната кампања „И мажите можат“ која има за цел да го промовира вклучувањето на мажите и момчињата за родова еднаквост.

На настанот учесниците ги градеа своите вештини во кујна преку подготовка на фамилијарен оброк и подготовка на привлечни и здрави оброци за деца по рецептите на Џорџ Георгиевски- таткото од Австралија со македонско потекло кој стана хит на социјалните мрежи со подготовка на ужинка, и кој официјално даде поддршка и на македонската кампања „И мажите можат“. На настанот учесниците исто така имаа шанса да стекнат вештини за пеглање, диплење и анимирање на деца со театар на сенки. Инструктори на работилниците беа Антонио Ѓорѓиевски (професионален млад готвач кој готви и секојдневно за семејството), Самет Шабани и Александар Грујиќ (млади луѓе чие хоби е пеглањето) и Круме Стефановски (основач на театарската група „Сенки и облаци“ и посветен татко).

Во своите први чекори кампањата се фокусира на промовирање на позитивните примери на татковството и старателството во секојдневниот живот во семејствата, како и грижа во домот.
Кампањата се одвива во рамки на проектот „Вклучување на мажите и момчињата за родова еднаквост“ кој го имплементира Здружение за социјални иновации „АРНО“ во партнерство со Y-PEER Македонија со поддршка на Регионалната канцеларија на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија.
Организации кои го поддржуваат проектот во Македонија се: Здружение Родова Перспектива, Здружение за еднакви можности „СЕМПЕР“ – Битола , ЖЕНСКИ ФОРУМ –ТЕТОВО, Женска Граѓанска Иницијатива АНТИКО, ЕХО Едукативно-хуманитарна организација, Tiiiit !Inc и Организација жени на град Скопје и Национална мрежа против насилство врз жените и семејното насилство.

Што е АРНО

Асоцијација за развој на нови опции = АРНО АРНО е здружение за социјални иновации основано во македонскиот граѓански пејсаж со посебна мисија за развој и имплементација на социјални иновациии и промоција на нови опции и современ технолошки пристап

Facebook
Facebook Pagelike Widget
Контакт
  • Булевар ВМРО 1/2-7, Скопје 1000
  • +​389 77 855 832

  • contact@arno.org.mk; arno.mkd@gmail.com