Ученици денес-одговорни претпримачи утре

Проектот има за цел да ги надгради постоечките програми за претприемништво во училиштата,промовирајќи ги концептите на филантропија и корпоративна општествена одговорност и учејќи ги младите за новите бизнис модели на социјални претпријатија. Во рамки на проектот ученици од предметите иновации и претприемништво од трите гимназии од Македонија (Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје), Хрватска („Прва сушачка гимназија“-Ријека) и Литванија („Лиздеикос“-Радвилишкис) преку методот на „учење преку дејствување и правење“ формираат виртуелни ученички компании со оддел за ООП и социјални претпријатија, а воедно и мапираат компании кои имаат позитивно влијание во заедниците.

Проектот го координира Здружението за социјални иновации „АРНО“ во партнерство со училиштата од трите земја и граѓанската организација „Out of the Box“ од Белгија, и истиот е финансиран од Европската Комисија во рамки на програмата Еразмус +.

View Project
Што е АРНО

Асоцијација за развој на нови опции = АРНО АРНО е здружение за социјални иновации основано во македонскиот граѓански пејсаж со посебна мисија за развој и имплементација на социјални иновациии и промоција на нови опции и современ технолошки пристап

Facebook
Facebook Pagelike Widget
Контакт
  • Булевар ВМРО 1/2-7, Скопје 1000
  • +​389 77 855 832

  • contact@arno.org.mk; arno.mkd@gmail.com