Младинска професионална кујна

Во рамки на програмата на УНДП Младинско социјално претприемништво “Младите како агенти за развој на заедницата”, АРНО во партнерство со Младите Можат, СУГС “Лазар Танев”(Стручно училиште за угостителство и гастрономија), Општина Центар, Компанија Поповски и Компанија „Битсиа“ го имплементираше проектот “Младинска професионална кујна-нови технологии за социјален бизнис”.

АРНО го дизајнираше овој проект инспириран од светски познатиот готвач и социјален претприемач – Џејми Оливер.
Проектот е еден од првите кој го промовира концептот за младинско социјално претприемништво. Во рамки на проектот се креираа 2 веб страни и мобилни апликации (мојкетеринг.мк, coolinari.mk и моб. ап: мојкетеринг и РЕЦЕПТКО) со цел да се надгради кетеринг сервисот кој го нуди училиштето, и да се промовираат учениците на пазараот на труд.
Во рамки на проектот дваесет ученици(готвачи) од училиштето добија тренинзи за развој на CV, базични бизнис вештини, вовед во моделот на социјално претприемништво, употреба на социјални мрежи и обуки за мотивација.
Со својот прв проект АРНО се натпреваруваше за EYA 2014 и се најде во листата на најдобри 50 финалисти кои доаѓаа од 49 европски земји. ЕYA e Европска младинска награда ( European Youth Award) која се доделува со цел да ги мотивира младите луѓе, социјални претприемачи и старапи да произведуваат општествено вредни дигитални проекти кои ги адресираат целите на Советот на Европа и Европа2020.

Овој проект ја освои втората награда на Social Impact Award 2015, доделена од Младининфо-Скопје и Impact Hub Vienna.

Што е АРНО

Асоцијација за развој на нови опции = АРНО АРНО е здружение за социјални иновации основано во македонскиот граѓански пејсаж со посебна мисија за развој и имплементација на социјални иновациии и промоција на нови опции и современ технолошки пристап

Facebook
Facebook Pagelike Widget
Контакт
  • Булевар ВМРО 1/2-7, Скопје 1000
  • +​389 77 855 832

  • contact@arno.org.mk; arno.mkd@gmail.com