Идеите ги споделувам гласно

Регионалната кампања фокусирана на младинското учество во пост-2015 агендата „Младински глас-Идинината која ја посакувам во Источна Европа и Централна Азија“ се лансираше на почетокот на октомври, 2014 година. Целта на кампањата е да осигура дека прашањата кои се поврзани со младите се препознаени во понатамошната развојна агенда, што пак е возможно само со значајно младинско учество. Младинските активисти од регионот на Источна Европа и Централна Азија се охрабрени да се мобилизираат и себе-застапуваат за младинските приоритети поврзани со пост-2015 развојната рамка. Кампањата, исто така, има за цел да обезбеди сеопфатни информации за младите во ИЕЦА регионот и да им овозможи подобрување на вештините кои им се потребни за водење на ефективни иницијативи за застапување. Кампањата е координирана од Регионалната Лидерска Младинска Група составена од неколку младински регионални мрежи/институции во соработка со Младинскиот Кластер во УНФПА EECARO и регионалните канцеларии на УНФПА.
„Youth Voices” кампањата во Македонија се имплементира од страна на младинската мрежа Y-PEER Македонијапод името „Идеите ги споделувам гласно“ . Во рамки на оваа кампања беа предвидени две фази, од кои во рамки на втората фаза административна и водечка улога (затоа го вбројуваме овој проект во лисатта на АРНО проекти) имаше „АРНО“ користејќи ги максимално своиете човечки капацитети и креативност кои беа видливи во процесите и резултатите.

View Project
Што е АРНО

Асоцијација за развој на нови опции = АРНО АРНО е здружение за социјални иновации основано во македонскиот граѓански пејсаж со посебна мисија за развој и имплементација на социјални иновациии и промоција на нови опции и современ технолошки пристап

Facebook
Facebook Pagelike Widget
Контакт
  • Булевар ВМРО 1/2-7, Скопје 1000
  • +​389 77 855 832

  • contact@arno.org.mk; arno.mkd@gmail.com