КОМПОНЕНТА МЛАДИ-УНФПА

Во 2017 година „АРНО“ стана партнер за имплементацијата на активности во рамки на компонентата млади од годишниот план на националната канцеларија на Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА)

Во рамки на ова партнерство, во соработка со младинската мрежа на граѓански организации Y-PEER Македонија, се случија многу работилници за јакнење на капацитетите на младите и градење на нивните вештини за застапување, се одржа конференцијата „Млади, мир и безбедност“, се спроведе и кампањата „И мажите можат“ .
Во финалната фаза од проектот беа ангажирани консултанти за изработка на документ- ситуациона анализа „Воведување на формално сеопфатно сексуално образование во република Македонија: предизвици и можности“. По изработката на нацрт-документот, со цел отварање на нацонална дискусија и финализирање на документот, беше организирана средба со засегнатите страни.

Што е АРНО

Асоцијација за развој на нови опции = АРНО АРНО е здружение за социјални иновации основано во македонскиот граѓански пејсаж со посебна мисија за развој и имплементација на социјални иновациии и промоција на нови опции и современ технолошки пристап

Facebook
Facebook Pagelike Widget
Контакт
  • Булевар ВМРО 1/2-7, Скопје 1000
  • +​389 77 855 832

  • contact@arno.org.mk; arno.mkd@gmail.com