Поглед одблиску кон социјалните претпријатија (Кампања за Англија)

Како дел од работната стипендија на еден од основачите на АРНО доделена од Британската амбасада во Скопје, АРНО изработи летна кампања, која имаше за цел да ја промовира мисијата на Social Enterprise Mark-Социјално претпријатије од Обединетото Кралство.Social Enterprise Mark е социјално претпријатије кое нуди единствена меѓународна сертификација за социјални претпријатија. Social Enterprise Mark идентификува бизниси кои ги исполнуваат дефинираните критериуми за социјални претпријатија. За SE Марк можете да прочитате повеќе за на www.socialenterprisemark.org.uk

Целта на летната кампања беше преку интерактивни алатки да се промовира концептот на социјално претприемништво кај пошироката јавност во Велика Британија. По едномесечниот престој во Велика Британија во рамките SE Марк, задачата на Ирина беше да дизајнира и имплементира онлајн кампања, која ќе го привлече вниманието на луѓето и ќе ги инспирира да размислуваат на тема социјално претприемништво.Резултатот од работната пракса и блискиот контакт со извонредната работа на SE Марк беше летна кампања насловена како “Поглед одблиску кон социјалните претпријатија”.
За потребите на оваа кампања тимот на АРНО дизајнираше визуелни решенија и Фејсбук анкета, каде што корисниците имаа можност да одговорат и да освојат ваучери за патување од Travel Matters UK кое е сертифицирано социјално претпријатие од Англија.Анкетата дополнително беше интегрирана и на веб страницата на SE Марк.
Позади осмислувањето и брендирањето на кампањата стои името на Никола Војнов-член на АРНО.

 

Што е АРНО

Асоцијација за развој на нови опции = АРНО АРНО е здружение за социјални иновации основано во македонскиот граѓански пејсаж со посебна мисија за развој и имплементација на социјални иновациии и промоција на нови опции и современ технолошки пристап

Facebook
Facebook Pagelike Widget
Контакт
  • Булевар ВМРО 1/2-7, Скопје 1000
  • +​389 77 855 832

  • contact@arno.org.mk; arno.mkd@gmail.com