Зелени идеи

Во 2015 година, АРНО започна со имплементација на проектот насловен како: “Филантропија и одржлив развој во Македонија”. Проектот чија реализација е поддржана од Фондот на браќа Рокфелер (САД) е осмислен да ги промовира концептите на корпоративна општествена одговорност и филантропија, вклучувајќи го и спроведувањето на натпреварот за зелени бизнис идеи во Македонија.
Филантропија преку зелени идеи (PGI) е регионален проект кој го спроведува Balkan Green Foundation, и истиот е поддржан од Фондот на браќата Рокфелер во рамки на програмата за Западен Балкан. Проектот има за цел да ги стимулираа и охрабри иновациите за зелени бизнис идеи идеи на локално ниво и да ја истражи улогата на филантропијата во вклучувањето на локалните заедници кои генерираат зелени бизнис идеи. Зелените бизнис идеи генерирани од заедниците се однесуваат на употреба на локалните ресурси и ревитализација на исчезнувањето на традиционалните производствени синџири и пазари во заедницата.
Покрај АРНО, која е организација одговорна за спроведување на националниот натпревар во Македонија, партнери одговорни за спроведување на националните натпреварири во другите земји се: Partners Albania (Албанија), Форум за граѓански иницијативи/ FIQ(Косово), Фондот за активно граѓанство (Црна Гора), на Tраг Фондација (Србија), а од 2017 година и фондацијата Мозаик (Босна и Херцеговина).
ГОДИШЕН НАЦИОНАЛЕН НАТПРЕВАР
ОД 2015-та кога АРНО почнува со администрирање на натпреварот на национално ниво, Македонија го добива својот прв регионален победник (Наша Добра Земја-Прва кооператива на органски потрошувачи). Во 2016-та повторно имаме македонски победник: Марта Мојсова млада архитектка која основа старап за поправка и редизај на стар мебел (СПИН), и во 2017-та имаме двајца победници: Кристиан Шопов, еко-магионичар кој преку забава пренесува еколошки пораки (Еко илузии) и Јане Заевски кој заедно со својот тим ја основаше платфромаат „Храна за сите“ преку која се продава и донира непродадена храна од угостителските објекти.
Секој од победниците добива подршка од 10 000 долари за имплементација на зелената бизнис идеја, при што АРНО учествува во мониторинг и евалуација на процесот, и дополнително поврзување со други поддржувачи.
ГОДИШЕН РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР
-Натпреварувачи се национални победници од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија (три од секоја земја)
– Идеите ги оценува меѓународно независно жири
– Тројца победници добиваат награда од 10.000 долари за да ги имплементираат своите идеи
– Дводневниот натпревар се одржува секоја година во месец јули на различна локација од регионот на Западен Балкан

Што е АРНО

Асоцијација за развој на нови опции = АРНО АРНО е здружение за социјални иновации основано во македонскиот граѓански пејсаж со посебна мисија за развој и имплементација на социјални иновациии и промоција на нови опции и современ технолошки пристап

Facebook
Facebook Pagelike Widget
Контакт
  • Булевар ВМРО 1/2-7, Скопје 1000
  • +​389 77 855 832

  • contact@arno.org.mk; arno.mkd@gmail.com