Што е АРНО

Асоцијација за развој на нови опции = АРНО АРНО е здружение за социјални иновации основано во македонскиот граѓански пејсаж со посебна мисија за развој и имплементација на социјални иновациии и промоција на нови опции и современ технолошки пристап за промена(читај:подобрување) на општеството. Во моментов функционираме како хибридна организација (граѓанска организација со економски активности).

Кога ќе ја имаме законската рамка за социјално претприемништво во Македонија, планираме да бидеме официјално регистрирани како социјално претпријатие. Ние работиме на принцип на  инспирација и препознена потреба за промена. Веруваме дека со нови интервенции и социјални иновации нашиот свет може да биде подобар. Со седиште во Скопје, ние сме македонскиот глас за социјални промени и иновации, но веруваме и дека нашиот глас може оддекне на регионално и интернационално ниво.

Затоа што, ние правиме добро (ЗА АРНО *) :)