Зошто АРНО?

АРНО е организација со визија, талент, енергија и ресурси. Организација која може да се смета за  креативен извор на решенија за подобрување на заедницата во која живееме.

Како општествено иновативна организација ние сме тука со обврска, подготвеност и способност да одговориме на социјалните проблеми.

Ние имаме организациски вредности и ставови кои промовираат и поддржуваат иновации:

  • Разбирање на комплексните општествени прашања
  • Култура на иновации
  • Пазарна ориентација

АРНО верува во лидерство „ориентирано кон иднината “ и градење на односи за соработка. Ние сме партнери со сите кои ги споделуваат нашите вредности и мисија: граѓански организации, приватни компании, државни институции, неформални групи.