Агенда 2030-en

„Трансформирање на нашиот свет“ – Агендата за одржлив развој 2030, вклучувајќи ги и 17-те цели за одржлив развој (ЦОР или Sustainable Development Goals -SDGs) и 169-те таргети е усвоена на 25 септември 2015 на специјалниот самит на ОН.Милениумската декларација и Милениумските развојни цели (МРЦ), кои истекоа на крајот на 2015 година, направија огромен придонес во подигнувањето на јавната свест, зголемување на мобилизирањето на политичката волја и ресурси за ставање на крај на сиромаштијата.
Токму некои од најголемите напредоци во последниве години се оние каде што МРЦ помогнаа да се фокусира вниманието. На пример:
-Глобалната сиромаштија е преполовена пет години пред временската рамка за 2015 година;
-90% од децата во земјите во развој сега уживаат основно образование, и разликите во бројот на машки наспрема женски ученици се намалени
Агендата за одржлив развој за 2030 година се надоврзува на ова искуство. Во основата на агендата се целите за одржлив развој (SDGs), но исто така во неа се наоѓаат и важни елементи за средства за имплементација и следење и ревизија на процесот. Милениумските развојни цели се дел од новата рамка, но исто така се оди и понатаму. Агендата 2030 ги вклучува и препораките од конференцијата Rio 20 за одржлив развој. Таа се однесува и на искоренување на сиромаштијата и на економските, социјалните и еколошките димензии на одржливиот развој на избалансиран и интегриран начин.

Агендата 2030 , исто така, ги опфаќа прашањата што се рефлектираа во Милениумската декларација, но не и на Милениумските развојни цели; вклучувајќи прашања како што се ефективни институции, добро владеење, владеење на правото и мирно општество.
Нова карактеристика е универзалноста на Агендата 2030 која значи дека агендата се однесува на сите земји на сите нивоа на развој, земајќи ги во предвид нивните различни капацитети и околности. Имплементацијата ќе биде водена од новото глобално партнерство кое се карактеризира со заедничка одговорност, взаемна отчетност и ангажирање од сите. Средствата за имплементација за новата агенда се наведени во ЦОР и Агендата за акција од Адис Абеба

Агендата 2030 за одржлив развој има и зајакната рамка за следење и ревизија за разлика од претходната рамка за Милениумските развојни цели, се’ со цел да осигура дека агендата се спроведува од сите, без никој да е изоставен. (leaving no-one behind).

Цели за одржлив развој
Целите за одржлив развој (SDGs/ЦОР), инаку познати како Глобални цели, се универзален повик за акција за ставање крај на сиромаштијата, заштита на планетата и осигурување дека сите луѓе уживаат мир и просперитет. (1) Целите за одржлив развој се графички прикажани на сликата.

Цел 1. Да се елиминира сиромаштијата во сите нејзини облици насекаде во светот

Цел 2. Да се елиминира гладот, да се постигне прехранбена безбедност и подобрена ухранетост и да се промовира одржливо земјоделство

Цел 3. Да се обезбеди здрав живот и да се промовира благосостојба за сите од сите возрасти

Цел 4. Да се обезбеди инклузивно и правично квалитетно образование и да се промовираат

можностите за доживотно учење за сите

Цел 5. Да се постигне родова еднаквост и да се еманципираат сите жени и девојки

Цел 6. Да се обезбеди достап и одржливо управување со вода, како и санитарни услови за сите

Цел 7. Да се обезбеди пристап кон ценовно достапна, сигурна, одржлива и современа електрична енергија за сите

Цел 8. Да се промовира одржан, инклузивен и одржлив економски раст, целосно и плодотворно вработување и пристојна работа за сите

Цел 9. Да се изгради издржлива инфраструктура, да се промовира инклизивна и одржлива индустријализација и да се поттикнува и негува иновативноста

Цел 10. Да се намали нееднаквоста во и меѓу различните земји

Цел 11. Градовите и човековите населби да се претворат во инклузивни, безбедни, издржливи и одржливи средини

Цел 12. Да се обезбедат одржливи обрасци на потрошување и производство

Цел 13. Да се преземат итни мерки за борба со климатските промени и нивните влијанија*

Цел 14. Да се сочуваат и да се искористуваат на одржлив начин земјините океани, мориња и морски ресурси во насока на постигнување одржлив развој

Цел 15. Да се заштитат и обноват копнените екосистеми и да се промовира одржливо искористување на истите, да се управува на одржлив начин со шумите, да се влезе во костец со дезертификацијата на земјиштето и да се сопре и спречи деградацијата на почвата, како и да се спречи загубата на биодиверзитетот

Цел 16. Да се промовираат општества кои се мирољубиви и имаат инклузивен пристап кон одржливиот развој, да се обезбеди пристап до правдата за сите и да се изградат делотворни, отчетливи и инклузивни институции на сите рамништа

Цел 17. Да се зајакнат средствата за спроведување на програмите на светското партнерство за одржлив развој и да се ревитализира истото

АРНО и 2030
Нашата организација во пост-2015 агендата се запозна и вклучи преку имплементација на низа активности како дел и во соработка со мрежата на граѓански организации Y-PEER Македонија.
Во изминатиот период АРНО се јави и во улога на администратор на фондовите на мрежата Y-PEER во Македонија, и преземајќи ја таа улога со целата одговорност, органски, презеде и голем дел од инспирацијата за работење на оваа тема. Така, во многуте активности на мрежата, АРНО го даде својот придонес во креативното осмислување на интервенциите, по што и е препознаена (креативен печат во локализирањето на агендата 2030 преку осмислување на хаштагот #ијасимамцел- подоцна преземен од канцеларијата на ОН во Македонија).
Приказната за АРНО и #агенда2030 започна со кампањата “Идеите ги споделувам гласно” која беше дел од регионалната кампања “Младински глас- Иднината која ја посакувам во Источна Европа и Централна Азија” која имаше за цел да го застапува гласот на младите во развојната агенда на Обединетите Нации и да го поттикне младинското учество и вклучување на младите во донесувањето на одлуки на сите нивоа.
Овој проект се одвиваше во две фази во периодот од октомври 2014 до октомври 2015. Беа спроведени различни активности меѓу кои: едукативни претстави со театар на сенки, средби со младински активисти, претставници од институции и подмладоци на политичките партии, одбележување на Светскиот ден на млади, избор на најдобро дизајнирана младинска разгледница и ред други настани осмислени и реализирани од младите, поврзани со младинското учество и развојната агенда на Обединетите Нации. Како краен продукт од сите овие активности се изработи документот “Младинските препораки пост-15”, поддржани од 47 организации и ентитети кои работат за и со млади. Препораките беа предадени на претставник од Министерството за надворешни работи на РМ и понатаму врачени на македонската делегација која присутствуваше на Генералното Собрание на Обединетите Нации.

Преку хаштагот #ијасимамцел ги повикавме сите млади да се вклучат во националната дискусија и на социјалните мрежи, и да се придружат во застапувањето на младинските итнтереси, права и потреби.
До 2030-та година АРНО ќе вложува напори да придонесе во популаризацијата на агендата, но и во локализирањето на целите и мотивирањето на сите чинители во вложуањето заеднички напори во градењето на свет во кој, навистина, никој, не би бил изоставен или заборавен.

Privacy Settings
We use cookies to enhance your experience while using our website. If you are using our Services via a browser you can restrict, block or remove cookies through your web browser settings. We also use content and scripts from third parties that may use tracking technologies. You can selectively provide your consent below to allow such third party embeds. For complete information about the cookies we use, data we collect and how we process them, please check our Privacy Policy
Youtube
Consent to display content from Youtube
Vimeo
Consent to display content from Vimeo
Google Maps
Consent to display content from Google