Стопанската комора за Туризам на Македонија -СКТМ , во рамките на проектот кој го имплементира Еразмус + програмата “Cheese and wine and Tourism will shine”добиен  од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност,организираше Округла маса за “Воведување на иновативни образовни концепти на полето на одржлив Туризам ” на ден 28.јуни,2019г. во хотел Порта –Скопје, каде на истиот учествуваа претставници на АРНО.

Главната цел на проектот “Вино и сирење” е да ја промовира важноста на руралниот туризам (и соодветните образовни модели) со главен фокус на автентичноста на културата на вино и сирење на секое ниво на општеството во земјите учеснички. Фокусот ќе биде посветен на сирење и вино како туристички производи со огромен потенцијал за туристичката индустрија и нејзините придобивки (позадоволни туристи, повеќе локални бизниси, повеќе можности за вработување за локалното население итн).