На 08 Јуни, 2017 во Сули ан во Старата скопска чаршија се одржа настанот за доделување на награда за младинско учество ,проект на УСАИД. Наградата за младинско учество  даде признание на млади машки и женски лица и неформални младински групи кои имаат покажано особена креативност или иновативност и притоа се постигнати реални резултати во подобрувањето на заедницата или општествотo.Проектот на УСАИД за Граѓанско учество  додели 3 награди и тоа 2 во категорија индивидуални млади и 1 во категорија неформална група на млади.

Една од наградите за младинско учество заврши во рацете на Антонио Ѓорѓиевски- нашиот координатор на проектот „Кулинари“.

Наградата во висина од 1500 американски долари Антонио ја искористи за посетување на курс по англиски јазик, за купување на професионална опрема и за градење на кулинарските и активистички вештини на другите ученици готвачи од училиштето.

Горди сме на Антонио, но и на учениците кои за овој повод -за доделувањето на наградата самостојно подготвија вкусен и креативен кетеринг.

 

Проектот Coolinari 2.0 е проект на Здружението за социјални иновации „АРНО“ кој има за цел да го промовира социјалното претприемништво и да ја истакне важноста на стручното образование и обука за намалување на невработеноста кај младите во Македонија. Во 2016-та со парите од наградата „Social impact Award“ организиравме „Часови за готвење“ . Часовите за готвење беа посетени од страна на клиенти кои купија ваучери за да научат како се готват различни јадења од врвни готвачи.

Во следната фаза добивката од Часовите за готвење се реинвестираше во учениците-готвачи преку обуки, мотивациски средби со врвни готвачи и др.
Во 2017-та учениците готвачи се сретнаа со Петар Шокаровски (програмер и модерен готвач познат по своите блогови), од кого учеа за блогерајтсво за храна. Новите кулинарчиња учествуваа и на работилница за пишување на кратка биогафија и добија наменски фотографии  за CV од  Дарко Мораитов за полесно наоѓање на работа.