Во рамки на студиската посета во Полска, која што се оддржа од 24-28 октомври преку програмата Fostering Social Entrepreneurship АРНО имаше можност да испрати претставник -(Катерина Панова Матоска) кој беше запознаен со работата на социјалните претпријатија од Познан и околината.

Ова беше одлична можност заедно со претставници од другите организации и претставници од јавни институции заедно да се посетат различни видови на социјални претпријатија и да се види начинот на кој што тие работат. Во рамки на постета се оствари:

-Средба со градоначалникот на Wielen и локални партнери

-Посета на Социјална кооператива за луѓе со пречки во развојот во Gajewo основана од локалните власти и CSOs – работилница за производство на грнчарски производи и керамика.

-Посета на социјално претпријатие кое работи за Volkswagen произведувајќи транспортни вагони за автомобилски делови.

-Посета на седиштето на БАРКА