Апликација

Формуларите за  „Филантропија преку зелени идеи“ 2019 можете да ги преземете од страницата www.zeleniidei.mk од овој линк 

Пред да пристапите кон пополнување разгледајте ги насоките од упатството (овде подолу).

Аплицирањето е преку приложување на овие два пополнети документи, и (опционално) придружна документација (до 10МБ пратена преку е-mail). Правните лица кои аплицираат задолжително треба да прикачат и завршна сметка за последната година. Целосната документација се доставува исклучиво по електронски пат на arno.mkd@gmail.com до 02.06.2019 (23:59ч). Доколку во рок од 24 часа не добиете потврда за успешен прием на апликацијата, контактирајте не’ телефонски.

УПАТСТВО
Формуларот за апликација на натпреварот „Филантропија преку зелени идеи“ се состои од неколку прашања кои се одговараат во Ворд документ и придружен Ексел документ за финансиски информации:

 1) ПОДАТОЦИ ЗА НОСИТЕЛОТ НА ИДЕЈАТА
Во овој дел од формуларот ќе треба да доставите информации за историјатот на организацијата/ портфолио/ биографија, податоци за контакт, име на идејата, како и ваша потврда на неколку многу важни прашања/критериуми за учество и присуство.

  • ИЗЈАВИ
    Ве молиме означете ги одговорите на прашањата кои се однесуваат за сите апликанти, за правни и за физички лица посебно.

 2) РЕЗИМЕ
Ве молиме дадете кратко резиме кои ги објаснува суштинските аспекти на вашата зелена идеја (не подолго од една страница)

 3) ИНФОРМАЦИИ ЗА ИДЕЈАТА
Во секое од прашањата одговорете концизно и јасно (почитувајќи го ограничувањето на зборови) следејќи ги насоките од самата потточка (поставените прашања).

4) ПЛАН ЗА АКТИВНОСТИ
Во табелата наведете ги активностите (слободно додате редови) и означете во кој месец ќе се спроведуваат.

 5) ФИНАНСИИ
Овде се наведени податоците кои треба да ги пополните во Ексел документот со 4 работни листови. Податоците не треба да се копираат-задолжително е да се приложи Ексел документот заедно со формуларот. Доколку имате ваш бизнис план слободно приложете го, но притоа внимавајте тој да ги содржи истите аспекти за финансиско работење кои се бараат во нашиот ексел формулар (и нагласете ги со жолта боја).

6) ДОПОЛНИТЕЛНИ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ЗЕЛЕНАТА ИДЕЈА
Заедно со апликацијата можете да приложите дополнителни информации за вашата идеја: графикони, маркетинг анализи, фотографии, видеа, илустрации и др.Ве молиме имајте ги предвид техничките ограничувања за испраќање мултимедијални содржини по електрoнска пошта!Доколку прилозите надминуваат 10MB ве молиме прикачете ги на надворешен линк и споделете го  линкот во самиот формулар.

Во полето Дополнителни информации/линкови можете да вметнете линкови преку кои може да се пристапи до дополнителни информации: YouTube видео, Facebook страница, написи од медиуми и слично.

ВАЖНО !

  • Сите полиња се задолжителни за пополнување.
  • Покрај апликацискиот Ворд формулар задолжително е да се поднесе и Ексел документот
  • Одредени прашања во формуларот имаат ограничен број на зборови кои можете да ги користите. Ве молиме имајте го ова предвид кога го пополнувате формуларот.
  • Ве молиме, користете фонт Calibri со големина 12 и проред 1,0
  • Откако целосно ќе го пополните формуларот треба да го испратите на arno.mkd@gmail.com. Дополнителни измени (по доставен формулар)  нема да се прифаќаат.
  • Рокот за доставување на формуларот е 02.06.2019 до 23:59 часот. Формуларите доставени по истекот на овој рок нема да се разгледуваат.
  • Откако ќе го пратите формуларот, во рок од 24 часа, на вашата e-mail адреса оставена за контакт ќе добиете потврда за прием. Доколку не добиете потврда во рок од 24 часа, Ве молиме контактирајте нè.
  • За прашања и повеќе информации пишете на е-mail адресата arno.mkd@gmail.com или јавете се на 077/855-832 секој работен ден од 09 до 17 часот
  • Следете ги нашите објави за пријавување на работилници за пополнување на апликациски формулар.
Privacy Settings
We use cookies to enhance your experience while using our website. If you are using our Services via a browser you can restrict, block or remove cookies through your web browser settings. We also use content and scripts from third parties that may use tracking technologies. You can selectively provide your consent below to allow such third party embeds. For complete information about the cookies we use, data we collect and how we process them, please check our Privacy Policy
Youtube
Consent to display content from Youtube
Vimeo
Consent to display content from Vimeo
Google Maps
Consent to display content from Google