Упатство

Формуларот за Зелени идеи се состои од три дела:

1. Податоци за носителот на идејата и потврдување на понатамошно учество
Во овој дел од формуларот ќе треба да доставите информации за историјат на организација/ портфолио/ биографија, податоци за контакт, како и ваша потврда дека доколку бидете избрани сте во можност да присуствувате на националниот натпревар во Македонија и регионалниот натпревар во Црна Гора.

Напомена: Во полето Краток опис на идејата, задолжителнo е приложување на следните информации:

• Име на зелената идеја/проект
• Опис на потреба или проблем кој се решава со Вашата зелена идеја
• Цел/и на идејата
• Целни групи/корисници/клиенти
• Предвидени активности
• Потреба од ресурси (финансии, персонал, информации) за реализација на Вашата идеја
• Активности за промоција и пласман на производите/сервисите
• Предвидени финансиски резултати
• Друго (што мислите дека е важно за Вашата идеја, а не го опфативте со одговорите погоре)

2. Податоци за зелената идеја
Во овој дел од формуларот Ве молиме одговорете јасно и кратко на прашањата кои се критериуми на повикот и според кои ќе бидете оценети од  страна на жири комисијата.

3. Придружни материјали за зелената идеја
Во овој дел од формуларот можете да приложете дополнителни информации за вашата идеја: Детaлен бизнис план или други документи поврзани со Вашата идеја: фотографии, видео или друг промотивен материјал. Ве молиме имајте ги предвид техничките ограничувања на испраќањето мултимедијални содржини по електорнска пошта.

Во полето Дополнителни информации/линкови можете да вметнете линкови преку кои  може да се пристапи до дополнителни информации: YouTube видео, Facebook страница, написи од медиуми и слично.

ВАЖНО:

 Сите полиња се задолжителни за пополнување
 Одредени прашања во формуларот имаат ограничен број на зборови кои можете да ги користите. Ве молиме имајте го ова предвид кога го пополнувате формуларот.
 Откога целосно ќе го пополните формуларот треба да го испратите на arno.mkd@gmail.com и после тоа нема да можете да правите измени.

Рокот за доставување на формуларот е 15.06.2017. По календарскиот истек на датумот формуларите нема да се валидни.

Откога ќе го пратите формуларот во рок од 24 часа на вашата e-mail адреса оставена за контакт ќе добиете потврда за прием на формуларот. Доколку не добиете потврда во рок од 24 часа, Ве молиме контактирајте нè.

За прашања и повеќе информации посетете ја страницата www.arno.org.mk, пишете на е-mail адресата arno.mkd@gmail.com или јавете се на  075 367 311.