Социјална иновација

Што е социјална иновација? Има многу дефиниции. „Дефиниции за социјална иновација има многу и обичниот набљудувач може брзо да се заплетка во дебатата околу значењето. Ние не сме многу приврзани со сите значења, па затоа  прилагодивме едноставна работна дефиниција: Социјалната иновација се однесува на нови идеи кои решаваат постоечки општествени, културни, економски и еколошки предизвици за доброто на луѓето и планетата. Вистинската социјална иновација го менува системот (таа е systems-changing) – трајно ги менува перцепциите, однесувањата и структурите кои претходно дале повод за овие предизвици. Уште поедноставно, социјална иновација е идеја која работи за јавното добро.“

Од  The Centre for Social Innovation

„Терминот „социјална иновација“ е релативно нов, но не и концептот сам по себе. Постојат многу примери на социјална иновација низ историјата, од градинките до здруженијата и се до микрофинансирањето. Што е социјална иновација? Социјална иновација се новите идеи (продукти, услуги и модели) кои истовремено ги задоволуваат и општествените потреби (поефективно отколку алтернативи) и создаваат нови општествени односи или соработки. (Open Book of Social Innovation, Murray, Calulier-Grice and Mulgan, March 2010) Овие решенија се истовремено општествени во своите цели и и средства. Тие може да имаат форма на вистински иновации или на подобрени решенија. Во некои делови на Европа, поимот „социјална иновација“ се однесува на она што европската комисија го нарекува иновација на работното место(workplace innovation).“

Од European Commission

„Постојат многу дефиниции – секоја малку поинаква. Ние целиме кон едноставна дефиниција; заинтересирани сме за иновациите кои се општествени и во своите цели и во нивните средства. Поточно, општествените иновации ги дефинираме како нови идеи (продукти, услуги и модели) кои истовремено ги задоволуваат општествените потреби (поефикасни отколку алтернативите) и создаваат нови општествени односи и соработки. Со други зборови тоа се иновации кои се истовремено добри за општеството и ги зајакнуваат капацитетите на општеството за делување .“

Од Social Innovator