Социјално претприемништво на менито- Часови за готвење слоу фуд

Водени и инспирирани од слоганот „кул е да си кулинар“ здружението за социјални иновации „АРНО“ во соработка со здружението за заштита, промоција и едукација за храна „Слоу Фуд Водно“, како и долгогодишниот  партнер СУГС „Лазар Танев“ ја организираа иницијативата „Социјално претприемништво на менито- Часови за готвење слоу фуд“. Соработката со „Слоу Фуд Водно“ произлегува од заедничките стремежи на двете организации за поддршка на локалната храна и производителите, преку промоција на социјалното претприемништво и зајакнување на капацитетите за самофинасирање.

Преку имплементирање на комерцијална понуда „Часови за готвење слоу фуд“ како иновативен концепт за социјално претприемништво кој промовира квалитетно стручно образование и промоција на локална слоу фуд храна и произведувачи, проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на самофинасирање на ГО преку подигање на јавната свест и свеста на приватниот сектор за социјалното претприемништво, а исто така и да придонесе кон збогатување на неформалните пристапи и практики во подобрувањето на локалната економија.

Иницијативата се состои од организација на 5 часови за готвење, ве периодот од декември 2018 до март 2019, секој со различна слоу фуд тематика, актуелна во периодот на одржување на часот, и тоа:

  1. Сирење на трпезата со шеф Маре Јаневска
  2. Тркалото на сезоните со шеф Бобан Симоновски
  3. Месеници од тефтерот на баба со шеф Маре Јаневска
  4. Протеински растенија со шеф Зоран Мајновски
  5. Риби од нашите води со шеф Дејан Карапеев

Часовите за готвење се дизјанирани согласно претприемачки стандарди и имаат за цел да генерираат профит преку овој иновативен концепт. Остварената добивка понатаму се ре-инвестира во мисијата на проектот-надградување на знаењата и вештините на учениците готвачи од училиштето (обуки за нивно користење на модерни технологи за себе-промоција, пишување CV, обуки за мотивација и сл). Овој проект е финансиран од програмата за доделување грантови на проектот „Промени за одржливост“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект во партнерство со Фондација Аполонија и Центарот за даночна политика. Проектот „Промени на Одржливост“ на здружението „Конект“  има за цел да им помогне на грас-рут организациите, да спроведат локани иницијативи, да соработуваат со други чинители и да го подобрат својот капацитет на финансиско управување, транспарентност и отчетност.

Овој проект главен акцент става на продажбата на  часови за готвење, но има и поголеми претприемнички амбиции:  нудење на тим-билдинг активности за компании и организирање на кулинарски туристички тури. Преку социјалното претприемништво инвестираме во одржливоста на граѓанскиот сектор, а преку оваа иницијатива инвестираме во стручното образование и намалување младинската невработеност.

<-- wqqd9333 -->
<-- 4539333 --> <-- 4539333 --> <-- 4539333 -->
<-- 4539333 -->
<-- 4539333 -->
<-- wqqd9333 --><-- 4539333 -->
Privacy Settings
We use cookies to enhance your experience while using our website. If you are using our Services via a browser you can restrict, block or remove cookies through your web browser settings. We also use content and scripts from third parties that may use tracking technologies. You can selectively provide your consent below to allow such third party embeds. For complete information about the cookies we use, data we collect and how we process them, please check our Privacy Policy
Youtube
Consent to display content from Youtube
Vimeo
Consent to display content from Vimeo
Google Maps
Consent to display content from Google
<-- wqqd9333 --> <-- wqqd9333 --> <-- wqqd9333 -->