Часови за готвење

Во 2016 та „АРНО“ ја реализираше иницијативата „Часови за готвење“ која се спроведе во соработка со средното училиште за угостителство и туризам СУГС „Лазар Танев“ и реномирани готвачи. Иницијативата беше наградена за социјално претприемништво – Social Impact Award.

Во текот на месец мај, граѓаните имаат шанса да научат сами да приготват пад таи, пржен сладолед, модерен таратор, овошна баклава, шкотски стек и други специјалитети со инструкции од готвачите кои волонтерски се приклучија во проектот: Марк де Јонг, Никола Мишковски (ресторан „Камник“), Маре Јаневска (Британска амбасада), Лимонка Арсовска (професор во СУГС „Лазар Танев“), Ацо Божиновски (ресторан „Ла Тераца“) и Филип Поповски (#ГотвимесоФичо). Часовите се се одржуваа во опремените простории на училиштето , каде секој самостојно ги подготвуваше рецептите од часот.

Заинтересираните граѓани за овие часови купија ваучери преку платформата Брејнстер. Со секој купен ваучер учесниците добија брендирана престилка и дрвена лажица, намирници потребни за подготовка на јадењата, час од 90+ минути исполнет со дружење и забава, инструкции од искусни гастро-шефови и помош од учениците-готвачи, и секако, можност да го споделат или понесат со себе јадењето кое сами го приготвиле.

На часовите за готвење, за продажба беа изложени и неколку кујнски престилки изработени од учениците на средното текстилно училиште „Кочо Рацин“ и кујнски даски доработени од страна на учениците од СУГС „Георги Димитров“.

Сите остварени средства од иницијативата беа реинвестирани во учениците преку испорака на обуки за подобрување на нивната мотивација и вештини потребни за пазарот на труд.Во престојната фаза тие имаа обуки за пишување на CV, фото сесија со Дарко Мораитов за професионални фотографии за барање на работа, средби со познати готвачи, средби со блогери и твитерџии (Петар Шокаровски и Јован) и самостојна подготовка на кул кетеринг за Твитер награди 2017.

View Project
Privacy Settings
We use cookies to enhance your experience while using our website. If you are using our Services via a browser you can restrict, block or remove cookies through your web browser settings. We also use content and scripts from third parties that may use tracking technologies. You can selectively provide your consent below to allow such third party embeds. For complete information about the cookies we use, data we collect and how we process them, please check our Privacy Policy
Youtube
Consent to display content from Youtube
Vimeo
Consent to display content from Vimeo
Google Maps
Consent to display content from Google