Камионче за храна

Основањето на АРНО се случи по инспирација на ресторанот 15 на Џејми Оливер кој е Социјално Претпријатие. Првиот проект на АРНО „Младинска Професионална Кујна-Нови Технологии за Социјален Бизнис 2013“ се случи во партнерство со СУГС Лазар Танев. Преку овој проект се креираа две веб страни и мобилни апликации (Mojketering.mk, coolinari.mk) и 20 готвачи-ученици добија обуки за различни вештини потребни за пазарот за труд.
Како продолжение на идејата дојдовме до „Кулинари 2.0“ кој во 2015 година се стекнува со награда за социјално претприемништво, Social Impact Award. Со оваа награда се спроведоа 6 часови за готвење со професионални готвачи од земјата корисник. Секој готвач одржа еден час за готвење во времетраење од 90 минути, кој се продаваше онлајн (1.200 и 2.000 ден) На часовите за готвење на продажба беа и кујнски престилки и брендирани даски со слоганот „Cool е да си Coolinar“. Сите остварени средства од продажбата се реинвестираат во учениците преку испорака на обуки за подобрување на нивната мотивација и вештини потребни за пазарот на трудот (самопромоција на Твитер, Инстаграм и сл.)
Како логично продолжение на овие две иницијативи е Камиончето за храна, Streat Food каде учениците освен новите вештини за готвење на кул храна ќе учат и практикуваат водење на социјален бизнис и ќе се гордеат што се готвачи.

Камионот за храна ќе продава храна подготвена од страна на професионални готвачи на разни места во градот. Продажбата ќе биде и на разни настани кои ќе се одвиваат во текот на годината во Скопје и во другите градови во Македонија (Спортски настани, фестивали, концерти, државни празници и др.)

 Самиот камион ќе биде доста голем , во себе ќе има инсталирана кујна и комплет опрема што овозможува подготовка на храна Првенствено корист ќе имаат младите ученици-готвачи кои ќе доаѓаат на пракса во камиончето за храна. Понатаму, сите компании кои сакаат да ја поддржат оваа идеја, може се промовираат преку акции како на промер „Денови на …..“

И секако, крајна корист имаат клиентите односно жители од Скопје и регионот  кои ќе ги задоволиме со вкусна храна.

Gallery Notice : Images have either not been selected or couldn't be found

 

Privacy Settings
We use cookies to enhance your experience while using our website. If you are using our Services via a browser you can restrict, block or remove cookies through your web browser settings. We also use content and scripts from third parties that may use tracking technologies. You can selectively provide your consent below to allow such third party embeds. For complete information about the cookies we use, data we collect and how we process them, please check our Privacy Policy
Youtube
Consent to display content from Youtube
Vimeo
Consent to display content from Vimeo
Google Maps
Consent to display content from Google