Тимот на кулинари ја имаше честа да ужива во вкусовите на храната подготвена за време на првиот Thessaloniki Street Food Festival кој се одржа во CITY HALL, Солун (Грција) од 29-30 април 2017.

Овој настан се одбележа со огромно присуство на љубителите на храна, како од земјата организатор на настанот така и од земјите од регионот.  Тимот на кулинари отиде со мисија, освен пробувањето на вкусни залчиња, да погледне како изгледаат во живо Камиончињата за храна (Food Trucks). Токму преку камионче за храна, кулинари цели кон промовирање на социјално претприемништво и стручно образовние.

 

 

ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО КАМИОНЧЕТО ЗА ХРАНА

Во 2017-та АРНО беше избрана за една од дванаесетте организации поддржани од проектот „Пооттикнување на социјално претприемништво“ кој  се имплементираше од страна на ЕПТИСА, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, финансиран од ИПА.

Проектот се состоеше од две компоненти. Првата компонетата се однесуваше на директна подршка на избраните социјални претпријатија кои треба да бидат пример на човечка солидарност и социјална правда, додека втората се фокусираше на креирање на легислатива и на финансиски инструменти кои ќе им дадат поддршка на организациите, и ќе им овозможат одржливост и континуираност.

Во рамки на овој проект АРНО доби  експертска поддршка во изработка на бизнис и маркетинг план како и mock up дизајни од искусен графички дизајнер за идејата на Камионче за храна.

Во рамки на промоцијата АРНО беше промовирано и на националната македонска телевизија со краток видео клип во кој Ирина Јаневска зборува за Камиончето за храна.

Благодарност до тимот на ЕПТИСА, особено до Барбара Садовска!